Антителата како количина не се репер за тоа дали треба да се добие вакцина или не, односно нема долна граница. Дополнително зависи од апаратот на кој се работи и институцијата. Во принцип ставот е дека после два или три месеци од прележувањето на болеста може да се прими вакцина против Ковид-19.
Премиерот Зоран Заев очекува продолжување на разговорите за надминување на разликите со Бугарија по формирањето на новата Влада во Софија, во духот на пријателството, добрососедството и соработката согласно Договорот за добрососедство од 2017 година.
Владата на денешната 63-та редовна седница, го разгледа предлогот на Комисијата за заразни болести и донесе дополнителни мерки за заштита на јавното здравје и заштита на сите граѓани на Република Северна Македонија
Немаме дополнителни мерки за затворање на граничните премини заради тоа што е увидено дека заразата се шири дома, истакна денеска премиерот Зоран Заев.
Основниот кривичен суд во Скопје пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија, ќе ја објави на 13 април.