ОД СДСМ денеска реагираат на вчерашниот брифинг од ВРО-ДПМНЕ, каде беа изнесени информации дека им било овозможено на балкански нарко – босови да се стекнат со македонски пасоши и документи.
Претпладнево во голема полициска акција се уапсени десетина полициски службеници кои биле дел од ланец за фалсификување на патни исправи и лични документи, а акцијата уште е во тек, потврдија за МИА од МВР и најавија детали по нејзиното завршување.
По повеќе од година дена истрага и документирање на дејствувањето на криминалната група, посочуваат извори од МВР, полицијата во координација со Канцеларијата за истраги на американската амбасада и Интерпол спроведува голема акција која уште трае.
Според истите извори вчерашниот брифинг од политичка партија бил во насока да се саботира оваа меѓународна акција.
„Дали Христијан Мицкоски намерно пласираше информации во јавноста за да се саботира голема полициска акција на нашите институции, МВР и меѓународни органи со помош на нашите стратешки партнери, саботажа која не успеа?“, прашуваат од СДСМ.
Од СДСМ, како што наведуваат во соопштението, очекуваат официјални информации од надлежните институции кои треба да покажат дали Христијан Мицкоски одработува за криминалци.
Ј. Ѓ.