ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Дали Мицкоски намерно ја саботирал меѓународната акција за нарко-босовите, Борисов победи, но постои можност шоуменот Слави Трифонов да биде нов премиер, во голема полициска акција уапсени десетина полицајци

April 6, 2021 17:57
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ОД СДСМ денеска реагираат на вчерашниот брифинг од ВРО-ДПМНЕ, каде беа изнесени информации дека им било овозможено на балкански нарко – босови да се стекнат со македонски пасоши и документи. Дали Мицкоски намерно ја саботирал меѓународната акција за нарко-босовите, прашуваат од СДСМ.

ГЕРБ, владејачката партија во Бугарија е победник на парламентарните избори што се одржаа во неделата, со 26,14 отсто, според преброени 98,93 отсто од гласовите, но новата владина коалиција можеби ќе ја формира и второпласираната „Има таков народ“ на шоуменот и музичар Слави Трифонов, која доби 17,73 отсто.

Претпладнево во голема полициска акција се уапсени десетина полициски службеници кои биле дел од ланец за фалсификување на патни исправи и лични документи, а акцијата уште е во тек, потврдија од МВР и најавија детали по нејзиното завршување.

Реномирани европски тинк-тенк организации, германски и домашни медиуми откриваат нов меѓународен скандал, поврзан и со Александар Николовски, пратеник и висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ. Костадинов бара одговори од Николовски за поврзаноста во меѓунардониот скандал „Кавијар димпломатија“

Од денеска почнуваат нови рестриктивни мерки кои ќе важат следните две недели. Во изминатиот период имаше огромен наплив на пациенти во болниците. Интервениравме со ангажирање дополнителни одделенија, инсталирање кислород, екстра кадар по системот на ротација и успеавме добро да го одржиме здравствениот систем и за секој пациент да се обезбеди болнички кревет, изјави Филипче.

Новиот концепт на учење ќе ги менува наставниците, но ќе го менува и пристапот на учениците. Најважно е дека конечно во фокус го ставиме ученикот. Низ проекти и интеракција учениците ќе научат да решавааат проблеми, вели министерката за образование Мила Царовска.

Регулаторната енергетска комисија поднесе иницијатива со која се бара зголемување на обемот на ранливи категории на потрошувачи кои користат субвенции од државата при плаќање на електрична енергија, изјави денеска директорот на РЕК Марко Бислимовски. При првичните анализи наишле на проблем, а тоа е дека голем број ранливи категории на потрошувачи кои моментално користат субвенции од државата не можеле да ги поврзат со нивното броило, односно домаќинството кое што ја прима социјалната помош не било поврзано со местото на потрошувачка.

За 12,5 проценти е зголемена потрошувачката на природен гас во 2020 година. Потрошени се 338 милиони нормални метри кубни гас што е првпат откако се користи овој еколошки енергенс во земјава. И понатаму доминантен потрошувач на природен гас е гасната електрана ТЕ-ТО со 68 проценти од вкупната годишна потрошувачка на државно ниво.

Над  6.000 текстилни работници во земјава заминаа на колективен одмор. Претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров вели дека од вчера на одмор се работниците, а половина од нив се од Штип.

M. Миткоска

Next Post

Денеска се регистрирани 1.259 нови случаи на Ковид 19

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Работничката партија на Курдистан објави дека се повлекува од Турција како дел од процесот на разоружување

October 26, 2025
Фото: Герасимовски на ФБ

Герасимовски: Поддршката од центарци за вториот круг се зголемува, победуваме во недела!

October 26, 2025
Фото: МИА

Заврши Макфест: Признание „За животно дело“ за основачот на фестивалот Стојан Троицки

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk