ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Анализа на ЕСЕ колку се транспарентни јавните институции – МФ со најмногу објавени документи

April 7, 2021 10:25
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за финансии е најтранспарентна институција во 2020 година со објавени 80 отсто од потребните документи, покажува анализата на ЕСЕ за тоа колкаво е нивото на проактивна транспарентност на јавните институции во 2020 година во која се монторирани 25 институции. Но и покрај високиот број објавени документи и информации, сепак недостигаат буџетскиот календар и годишната програма, наведуваат од ЕСЕ.

Деветнаесет институции или 76 отсто од мониторираните се нетранспарентни, односно, како што појаснуваат во објавената анализа, речиси три четвртини од мониторираните институции, во 2020 година, објавиле помалку од 40 отсто од мониторираните документи. Две се институции кои не објавуваат ниту еден документ на своите интернет-страници (Здравствен дом Скопје и Центар за јавно здравје Кочани).

Пет институции објавувиле само дел од мониторираните документи или пак 20 отсто од мониторираните институции, односно, речиси една четвртина од мониторираните институции објавиле од 41, отсто до 75 отсто од мониторираните документи. Во оваа категорија на институции се Министерството за информатичко општество со вкупно објавени девет документ (60 отсто), Министерството за образование со вкупно објавени осум документи (50 отсто), Министерството за внатрешни работи и Министерството за култура со објавени седум документи (47  отсто, односно 50 отсто респективно) и Владата на РСМ со објавени седум документи (47 отсто).

-Единствена проактивно транспарентна институција во 2020 година е Министерството за финансии. Оваа институција во 2020 година објавила 80 отсто од потребните документи. Но и покрај високиот број објавени документи и информации, сепак недостасуваат буџетскиот календар и годишната програма, наведуваат од ЕСЕ.

Најголемиот број на мониторирани институции или 88 отсто ги имаат објавено листата на информации од јавен карактер и лицето за контакт и посредување со информации од јавен карактер.

Половина од институциите имаат објавено стратешки план и завршна сметка на буџетот. Ниту една институција не објавила буџетски календар, предбуџетска изјава и ревизорски извештај. Предложените и усвоените измени и дополнувања на буџетот ги има објавено само Министерството за финансии. Усвоен буџет во отворен формат имаат објавено само две институции, Министерството за финансии и Министерството за транспорт и врски. А, пак, полугодишниот извештај за извршување на буџетот е објавен кај Министерството за финансии и Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Целта на анализа е да го прикаже нивото на проактивна транспарентост кај дел од јавните институции во Република Северна Македонија, односно праксата на јавно објавување на документи и информации за нивното програмско и буџетско работење на нивните интернет-страници и да даде препораки за можноста и начинот на унапредување на нивото на проактивност кај јавните институции.

Предмет на анализа се објавувањето на шеснаесет значајни информации/документи за програмското/буџетското работење од страна на дваесет и пет јавни институции, во кои влегуваат: стратегија за работа, годишни програми, буџетски календар, предбуџетска изјава, граѓански буџет, предлог-буџет и усвоен буџет, предложени измени и усвоените измени и дополнувања на буџетот, буџетски документи во отворен формат (xml и excel), месечни извештаи за извршување на буџетот, полугодишен извештај за извршување на буџетот, завршната сметка на буџетот, ревизорски извештај, податоци за лицето назначено за посредување за информации од јавен карактер и листа на информации од јавен карактер.

извор: МИА

Next Post

Шилегов за грчки Етнос: Добро е да постои соработка меѓу градовите

Shortcut

Најново

СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

August 19, 2026
Фото извор: UNHCR

ЦИВИЛ: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk