Пропаднаа обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за саботажа на голема полициска акција, одново не го одбранија криминалот, велат од СДСМ.
Оттаму нагласуваат дека Христијан Мицкоски вчера по којзнае кој пат јавно застана на браникот на криминалот, на спротивната страна од полицијата и законите.
„Додека полицијата вршеше акција за сузбивање на криминална група која незаконски издавала македонски пасоши Мицкоски од белиот дворец пласираше информации со цел да ја саботира акцијата и натамошната за овој случај.
Залудни се обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја попречат правдата, да работат против правдата и законите.
Државата, институциите продолжуваат со бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата колку и тоа да не му се допаѓа на бранителот на криминалот Мицкоски.“, се вели во соопштението од СДСМ.