ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Тандемот Мицкоски – Чулев повторно „слизгаат“ меѓународни истраги

April 7, 2021 13:35
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Политичките врхушки неретко знаат да жртвуваат и во неколку наврати да „слизнат“ полициски акции и организирани меѓународни операции, притоа не водејќи никаква сметка за штетата што со таквото дејствување може да се предизвика. Еден таков беше со банана-кокаинот, а последен во низата е случајот „Двојник“.

Пред два дена претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на брифинг изнесе информации дека им било овозможено на балкански нарко – босови да се стекнат со македонски пасоши и документи. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера на прес-конференција рече дека се работи за саботажа од страна на Мицоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека поддршка за истрагата која била во тек од МВР била дадена од регионалната канцеларија за безбедност и истраги од САД во Скопје, како и генералниот секретаријат на Интерпол од Лион и Скопје.

МВР, вчера во акција уапси криминална група чии членови биле вработени во управната служба на МВР кои издавале патни исправи злоупотребувајќи туѓ идентитет. Обвинети се 10 лица, 9 се приведени, a по едно се трага, појасни Спасовски.

„Во февруари 2019 воспоставена е криминалистичка истрага за лица вработени во управните служби при МВР, како референти и контролори, кои издавале македонски патни исправи за лица странски државјани употребувајќи туѓ идентитет, а пред тоа лицата немале биометриски лични документи“ – изјави Оливер Спасовски.

Со патна исправа под туѓ идентитет се здобиле 215 лица, од кои 214 странски државјани и еден македонски државјанин. Едно лице било посредник меѓу барателите и службените лица.

Било утврдено дека станува збор за лица кои се од меѓународни криминални групи, нарко картели, односно лица со висок ризик и лица со потерница под туѓ идентитет, додаде Спасовски.

Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи. Фото: скриншот

Во врска со вчерашниот брифинг на Мицкоски, Спасовски истакнува:

„Бадијала се трудат. Нема да застанеме ниту да не поколебаaт. Се соочивме со обид за саботажа од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, но истата не успеа. Со тоа можеше да се загрози сè што беше сработено во период од повеќе од една година“, рече Спасовски.

Откако овие обиди беа пресретнати се продолжува со лажни вести дека наводно оваа акција била почната кога министер во МВР беше Наќе Чулев, а дека потоа МВР не преземало ништо. Акцијата е започната во месец февруари 2019 година, повторно нагласи Спасовски

Денеска во интервју за Утрински Брифинг, министерот Спасовски открива и дека едно од уапсените лица е во тесна врска со Мицкоски и имал постојани контакти со него.

Ваквиот начин на изнесување информации пред време и попречување на меѓународни истраги и акции од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините претставници, не е за прв пат.

Се сеќаваме на случајот од февруари 2020 година, кога тогашниот министер за внатрешни работи во преодната влада  од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев, имаше неуспешен обид селото Крушопек да го преименува во „Бананапек“.

Избрзаната акција на заплена на еден килограм кокаин, која првично беше еуфорично прикажана како заплена на 1,3 тони кокаин.

Силна бриферска поддршка во таа ујдурма, Чулев имаше од неговиот сопартиец Илија Димовски кој рече:

„Денес МВР заплени 1,3 тони…

Најголема количина било кога запленета во РМ…

Слепи ли биле? Или…?, напиша Илија Димовски на Твитер.

Снимка од екран од твитер-профилот од Илија Димовски

Ни потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, не остана покус во хвалоспевите за „успехот“ на акцијата на Чулев, па на гостување во ТВ „Телма“ изјави дека никогаш порано немало толку кокаин како во последните три години, но откако Наќе Чулев дошол во Министерството за внатрешни работи – веднаш имало акција за сузбивање. „Тоа е разликата“, одважно заклучи Николоски.

Чулев потоа излезе со прес и неволно појасни дека всушност станува збор за заплена на 1 килограм кокаин.

После оваа бламажа на врхушката од ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи се шегуваа дека четвртата сезона на популарната серија Наркос за колумбиските нарко-картели ќе се снима во Крушопек. Тон ли е килограм ли е? Еден виц вели што знае дете што е еден тон, зема и носи.

Потоа се испостави дека освен со гафот „килограми и тони“, Чулев направил посериозна утка – со избрзувањето на акцијата, Чулев попречил меѓународна операција за разбивање на меѓународна криминална група.

Славјанка Петровска

Тогашната дополнителна заменичка-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска истакна дека техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев ја попречил меѓународната операција за разбивање на меѓународна криминална група, која организирала шверц на над еден тон кокаин, од кои еден килограм контролирана пратка беше фатена во скопското село Крушопек, а најголеми последици за акцијата имало во Босна и Херцеговина.

Чулев, како што рече Петровска, добил предупредување од италијанските власти дека издавањето информации во јавноста за акција што е во тек е крајно несоодветно.

„Со издавање на информациите однапред и соопштување дека станува збор за огромна акција од страна на министерот Чулев, се информирани и структури што не треба да бидат информирани во тој момент дека во нашата земја се одвива акција“, рече тогаш Петровска во интервју за емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

Чувствуваат ли некаква одговорност челниците на ВМРО-ДПМНЕ, или единствена цел им е инстант прибирање на партиски поени без разлика дали таквото нивно поведение може да наштети во тековни истраги од полицијата и обвинителството, или на меѓународно организирани операции за сузбување на криминал?


Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk