ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Заев: Спомен домот во Небрегово да биде редовна дестинација на образовните ученички екскурзии затоа што делото на Конески е неразделно со нашата државност

April 7, 2021 19:49
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев го прими секретарот на Фондацијата  за македонски јазик „Небрегово“ Атанас Конески.

Атанас Конески на средбата истакна дека во име на фондацијата „Небрегово“ изразува благодарност до Владата и до Министерството за култура кои во последните 4 години целосно ги поддржуваат активностите на фондацијата за афирмација на животот и делото на Блаже Конески и иницијативите за промоција и чување на автентичните вредности на македонскиот јазик кои во претходниот период од 2008 до 2016 година беа постојано игнорирани.

Посебна чест за фондацијата, истакна Конески, е првата и единствена посета на еден премиер на Спомен домот на Конески во Небрегово од формирањето на фондацијата и од прогласувањето на родната куќа на Блаже Конески за спомен дом.

Секретарот на Фондацијата „Небрегово“ Атанас Конески го информираше премиерот Заев за програмските активности на фондацијата кои се вклучени во цело годишната програма за одбележување на 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески, меѓу кои централно место имаа изданијата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“, што е всушност реизданиe на истоименото дело на академик Конески објавено во 1948 година, како и книгите „Конески инспирира и мотивира“, „Како ме поттикнува Конески“ и збирката песни од ученици, студенти и наставници „Поетски пораки за Конески“.

Премиерот Заев на средбата истакна дека Владата на Северна Македонија, заедно со Министерството за култура е целосно посветена на реализацијата на севкупната програма за одбележување на 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески и нагласи дека како своја лична иницијатива ќе предложи Спомен домот на Блаже Конески во Небрегово да стане редовна дестинација на образовните ученички екскурзии затоа што делото на кодификаторот на македонскиот литературен јазик е неразделно од државното конституирање на Република Северна Македонија како независна држава со свое место во заедницата на народите.

Next Post

Бектеши за Сител ТВ: Со директна финансиска поддршка во вид на грантови ќе ги поддржиме угостителите

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk