ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: честитки за Светскиот ден на Ромите, заеднички да градиме нови генерации со интеркултурни вредности и недискриминација

April 8, 2021 11:24
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Врвен приоритет на Министерството за образование и наука и на Владата на Република Северна Македонија е пристапот до квалитетно образование за секое дете. Затоа со новата Концепција за основно образование создаваме „ново училиште“ во кое главни столбови се подобрувањето на меѓуетничката интеграција, заштитата од дискриминација и инклузијата со цел унапредување на образованието на помалите етнички заедници. Министерката за образование и наука Мила Царовска честитајќи го Светскиот ден на Ромите – 8 Април и 50-годишнината од одржувањето на првиот Ромски конгрес во 1971 година, вели дека со новите наставни програми, кои се во подготовка, целта е да изградиме нови генерации кои ќе растат со меѓусебно почитување, толеранција и почитување на различностите во општеството.

„За поддршка на основно образование на децата Роми согласно Законот за основното образование обезбедени се медијатори и средства во Буџетот на МОН за 2021 година од 6 милиони денари за ангажирање на 35 образовни медијатори кои делуваат во 26 општини во државата. Тие им помагаат на децата во образовниот процес, но исто така работат и на подобрување на пристапот до училишта и намалување на напуштањето на воспитно-образовниот процес, преку средби со родителите, стручните соработници и наставниците“, посочува министерката Царовска.

Со поддршка на МОН се реализира новиот проект ,,Редовно на часови:  акција за вклучување на Ромите во основното образование”, финансиран од ЕУ Делегација, а кој го спроведува ФООМ заедно со своите партнери: Здружението ,,Центар за образовна поддршка Дендо вас” и Фондацијата за образовни и културни иницијативи ,,Чекор по чекор”. Во рамки на овој проект, обезбедени се 638 стипендии за прво и второ одделение за ученици Роми чии родители се приматели на социјална помош, од кои 300 стипендии од прво одделение и 338 стипендии за 2 одделение.

Учениците од 3-то до 9-то одделение, во моментот 2200 ученици од 6 општини и 13 основни училишта,  имаат можност да го негуваат својот мајчин јазик и да ја изучуваат својата култура преку изборниот предмет јазик и култура на Ромите.

„Го зголемивме бројот на стипендии за учениците средношколци за оваа учебна година. Вкупно 891 стипендија за средношколци Роми од јавните и приватните училишта за оваа учебна година се доделени во 5 категории, согласно успехот на ученикот. Воедно, зголемен е и трендот на запишување на учениците Роми на високообразовните установи, споредено со последните три години, од 42% на 48%“, нагласува Царовска.

Во насока на обезбедување на инклузивност на образовниот систем донесена е Концепција за инклузивно образование, во која е уреден начинот и постапката за вклучување на деца кои се надвор од образовниот систем. Со подзаконски акти, корисници на гарантирана минимална помош ослободени се од трошоци за признавање на свидетелство. Oбезбедено е туторство на ученици од основното образование, се овозможува запишување во соодветното одделение на основно образование на деца кои не биле вклучени во настава, а се со надмината возрасна граница и прилагодени се наставните програми за олеснување на овој процес.

Во новиот Закон за основно образование, процесот за меѓуетничката интеграција во образованието е уште повеќе зајакнат преку посебно подрачје –  Унапредување на мултикултурализмот/интеркултурализмот и меѓуетничката интеграција каде е предвидено формирањето на Тим за училишна интеграција. Во 95% од основните училишта веќе се формирани такви тимови.

Во учебната 2019/2020 година Министерството за образование додели 95 грантови за меѓуетничка интеграција до 30.000 денари, за 70 основни и 25 средни училишта, а во учебната 2020/2021 година на 70 основни и 24 средни училишта.

Next Post

Режисерката Витошевиќ и „Wonderland Theatre” повикуваат на споделување на лични приказни како инспирација за претставата „Работи за кои не зборуваме“

Најново

Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

СДСМ бара оставка од Тошковски: Врсничко и семејно насилство, жртви, скандали, убиства и дрога од 5 тони

April 29, 2026

Мицкоски: СДСМ лажеа дека ќе банкротираме, дека ќе дојдат мигранти, дека се блокирани ИПАРД фондовите, за Вајц лажеа и за се беа демантирани

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk