ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Редици пред продавниците, но и за брзи тестови во центарот на Атина

April 8, 2021 11:05
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Паралелно со отворањето на малопродажбата во понеделникот, во центарот на Атина се интензивира и тестирањето за Ковид-19 на граѓаните со бесплатни брзи тестови од мобилните единици на Националната организација за јавно здравје на Грција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, поради новите правила под кои работи малопродажбата во Грција, редици има пред продавниците, од граѓани кои претходно закажале термин за шопинг или дошле да подигнат нарачка, а слична е сликата и пред пунктовите за тестирање.  И таму има редици, но за брз тест.

Дел од граѓаните во разговор за МИА ги објаснуваат своите причини за тестирањето.

-Излегов да прошетам по продавници, па кога веќе сум тука, решив и да се тестирам, вели помлад Грк.

Со сличен став е и повозрасен граѓанин, кој вели дека случајно поминувал и решил да се тестира.

-Следната седмица имам термин за вакцинација, па ете, сега, сакам да си се проверам, вели тој.

 

Поразлична е ситуацијата на вработена во индустријата, која објаснува дека веднаш по работа, дошла на еден од пунктовите, бидејќи сака да се провери.

-Немам симптоми, меѓутоа на работа имавме два позитивни случаи, па сакам да бидам сигурна. На работа не нѐ тестираат, па мораме сами да си се проверуваме, вели таа.

Двата мобилни пункта, веќе четврти ден се поставени на почетокот и при крајот на најпознатата трговска улица „Ерму“ во центарот на Атина.

Улицата која повторно „заживеа“ со отворањето на продавниците, кои работат само со услугите „click away“ и „click in shop“, односно подигнување на претходно направена нарачка или посета на продавница по закажан термин.

Граѓаните за шопинг имаат на располагање најмногу три часа, еднаш дневно, откако претходно ќе испратат смс порака на специјален број со име и презиме и ќе добијат повратен одговор со дозвола за посета на продавница.

Редиците, во главно се поради специјалните протоколи, односно дозволено е едно лице на 25 метри квадратни.

Паралелно, зголемено е и присуството на полицијата и општинската полиција, кои меѓу другото, вршат и контроли, дали граѓаните ја имаат испратено потребната смс порака.

 

На двата пункта за тестирање што ги посети дописничката на МИА од Атина, во текот на вчерашниот ден, во периодот од 10 до 15 часот, биле направени вкупно 1.117 тестови и регистрирани 38 позитивни случаи, додека пак во вторникот, од 1.009 брзи тестови, 41 бил позитивен.

Next Post

Џафери со честитка по повод Светскиот ден на Ромите

Shortcut

Најново

Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk