ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Верските лидери и државниот врв со заеднички пораки, се обединуваме ли конечно во борбата против пандемијата?

April 8, 2021 18:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Петрит Сарачини

Петрит Сарачини

Share on FacebookShare on Twitter

Во овие тешки денови, кога вирусот КОВИД-19 коси и секојдневно нè потресуваат лоши вести за голем број наши починати и заразени сограѓани, пријатели, роднини, охрабрувачка е веста за средбите на верските лидери со претседателот и премиерот на државата и заедничките пораки за почитување на мерките, внимателност и заедништво во борбата со страшната пандемија.

Овие пораки даваат надеж, особено ако ги имаме предвид начините, на кои некои верски лидери и во нашата земја и во регионот се однесуваа кон опасната зараза во изминатата година.

Не можеме да заборавиме дека некои од нив ја прогласуваа короната за „умрено“, си тераа масовни верски прослави, ифтари, причести, литии, молитви…Некои од нив го платија данокот на нивната ирационалност и не се повеќе на овој свет, а сепак таквото однесување на дел од верските институции и лидери продолжуваше, па и се засилуваше.

Да биде работата уште пострашна, мерките што ги преземаа државните институции беа користени за создавање на поделби меѓу луѓето, глупави „споредби“ и лажни обвинувања за наводна привилегираност на една или друга верска заедница, кои се прелеваа меѓу верниците и создаваа верска и меѓунационална нетрпеливост и омраза.

Дежурните хушкачи, особено на социјалните мрежи, врескаа дека државата намерно воведува ограничувања кон една, а привилегира друга верска заедница. И сето тоа, додека вирусот не прашуваше ниту за вера, ниту за нација, пол, раса, и одзеде неселективно стотици човечки животи.

Таквите обвинувања заживеаја и оваа пролет, веднаш по најавата на институциите за заострување на мерките откако бројките на заразени и починати почнаа рапидно да растат, во пресрет на големите христијански и исламски празници, кои годинава се во речиси ист временски период.

Па така, повторно, за едните мерките се за да се ограничи движењето на муслиманите за време на Рамазан и Бајрам, а за другите – дека тоа се прави намерно за да се ограничи прославувањето на Велигденските празници. Лудило.

Затоа, во време кога иднината на борбата со пандемијата и животите на многу наши сограѓани зависат најмногу од вербата во масовната вакцинација која конечно започна и кај нас и од строгото почитување на мерките, заедничките пораки на државните и верските институции треба да се поздрават и охрабрат.

Иако ова обединување и пораки доаѓаат доцна и после голем број загубени човечки животи, нетрпеливост, поделби и омраза, подобро и да е доцна, отколку никогаш. А дали оние што денес испратија обединувачки пораки ќе си достојат на зборот, ќе видиме набргу.

Ене ги и Велигден, и Рамазан и Бајрам. Да се надеваме дека ќе ги чествуваме во слога и меѓусебно разбирање, со што помалку човечки жртви, кои нè болат сите. Дали ќе биде така, во земја во која има голем процент на религиозни луѓе, во голем дел ќе зависи не само од институциите и авторитетот на државата, туку и од однесувањето и пораките на верските лидери.

извор: цивилмедиа.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
ФОТО: МИА

Заев: Со членството во ОН пред 28 години се етаблиравме на меѓународната сцена како самостојна и независна држава

НАЈНОВО

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
куче

„Лајка“ полни 5 години: Вдомете куче и почувствувајте го пулсот на хуманоста

October 16, 2025

АВМУ: Од 18 до 19 октомври до 19:00 часот важат правилата за изборен молк пред локалните избори

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од локални до национални: Зошто изборите во општините со мнозинство албански гласачи се клучни?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk