ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Со членството во ОН пред 28 години се етаблиравме на меѓународната сцена како самостојна и независна држава

April 8, 2021 18:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Со членството во ОН нашата држава се етаблираше на меѓународна сцена, како самостојна и независна држава, еднаква во меѓународното семејство на народи. Во изминатите 28 години поминавме многу предизвикувачки моменти и премрежија кои бараа храбри одлуки. Со мудро лидерство, разумни политики и обединетост сите успеси ги постигнавме откако станавме членка на ОН. Да останеме обединети, силни и посветени и во овие тешки моменти да ја направиме заканата од коронавирусот да биде минато со одговорно однесување на сите.

Ова го порача премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук по повод одбележување на 28 години од приемот на нашата држава во Организацијата на Обединетите нации (ООН) под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“.

-Денес одбележуваме 28 години полноправно членство во Обединетите нации како Република Северна Македонија. Со членството во ОН нашата држава се етаблираше на меѓународна сцена, како самостојна и независна држава, еднаква во меѓународното семејство на народи. Во говорот во ОН на овој ден во 1993 година, претседателот Глигоров ги постави темелите на нашите вредности и ги зацрта нашите најважни приоритети во надворешната политика, на кои и денес сме посветени и кои неуморно ги реализираме. Тие темели се цврсти и непроменети и денес и се базираат на Повелбата на Обединетите нации во која од секоја земја се очекува да учествува во јакнењето на меѓународниот мир и безбедност, развивањето на економската соработка и заштита на човековите права, како предуслови за побезбеден и праведен свет за сите, напиша Заев..

Почитувајќи ги овие принципи во сите изминати години Северна Македонија, наведува тој, го даваше својот придонес во решавањето на меѓународните конфликти во согласност со резолуциите на Советот за безбедност, во интерес на мирот и на безбедноста.

-И денес, кога сме 30-та земја членка на НАТО, рамноправно продолжуваме да учествуваме во одржување на безбедноста и мирот во светот заедно со нашите сојузници во најмоќната политичка и воена алијанса во историјата на човештвото. Поставивме пример за другите дека со дипломатија и дијалог, со разбирање и толеранција, можат да се решат најгорливите прашања и да се добијат нови пријатели и сојузници. Активно ја поддржуваме и развиваме регионалната соработка за да биде во функција на мирот, стабилноста и просперитетот на сите граѓани во нашиот регион, посочува Заев.

Во својот говор во ОН поранешниот претседател Глигоров, како што додава Заев, ја посочи и втората цел: „Република Македонија како европска држава се стреми да стане член на Заедницата на европските народи“.

Во октомври минатата година, потсети премиерот, ЕУ донесе безусловна препорака Република Северна Македонија да ги започне преговорите за членство во Унијата. На добар пат сме, оценува Заев, да ја оствариме и оваа стратешка цел од интерес за добробитта на сите наши граѓани.

-Во изминатите 28 години поминавме многу предизвикувачки моменти и премрежија кои бараа храбри одлуки. Беа неопходни мудро лидерство, разумни политики и обединетост за сите успеси ги постигнавме откако станавме членка на ОН. Да останеме обединети, силни и посветени и во овие тешки моменти. И ова ќе го поминеме. Да веруваме во нашите капацитети и способности. Да ја направиме заканата од коронавирусот да биде минато со одговорно однесување на сите, со професионалноста на нашите институции и со солидарноста на нашиот народ, стои на фејсбук статусот на премиерот Зоран Заев.

На 8 април, во 1993 година нашата држава беше примена во Организацијата на Обединетите нации под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“. /МИА/

Next Post

Повеќе од 10 милиони луѓе во Франција примиле првата доза од вакцина против Ковид-19

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk