ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Нови мерки за сите економски оператори кои ќе бидат затворени овие две недели

April 9, 2021 08:58
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Сите економски оператори кои со одлука на Владата ќе бидат затворени овие две недели заради третиот бран на коронакризата ќе бидат опфатени со нови мерки. Од економскиот тим на Владата порачуваат дека во моментов приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните, а за сите настанати штети во економијата како и досега државата ќе излезе во пресрет.

-За нас во Владата секое вбризгување на пари за помош на стопанството, на работниците, на нивната ликвидност, на потрошувачката ни враќа во Буџетот пари. Предвидено е да се покријат процент од приходите остварени во првите три месеци годинава во форма на директна помош, рече вчера премиерот Зоран Заев.

Тој нагласи дека како и во вонредната состојба, угостителските објекти кои вршат достава може да продолжат да го прават тоа и по полицискиот час со соодветни дозволи за движење.

Дополнително во текот на денот може да продаваат храна и пијалаци од шалтер, тејк-веј или ту-гоу без послужување во самите локали. Ова секако ќе овозможи за поголемиот дел од нив да продолжат делумно да работат, посочи премиерот.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, пак, повтори дека не може да се дозволи да работат рестораните за свадби додека здравствената криза е во тек, но посочи дека за сите угостителски објекти кои се затворени овој период со одлука на Владата ќе следи економска поддршка и додаде дека Владата во неколку наврати спроведе сеопфатни мерки, во кои, како што кажа, рестораните за свадби беа една од целните групи.

-Лани веќе ги поддржавме, но имаме еден проблем со нив, а тоа е дека не можат да се одвојат од останатите, бидејќи мал број од нив се категоризирани според категоризацијата на Министерството за економија. Не може да направиме отстапки за да им се дозволи да работата додека е здравената криза во тек. Ќе направиме се што треба за да влезат во системот, да бидат категоризирани и соодветно да се постапи со нив во редовните програми на Министерството за економија и ако е потребно и со дополнителни мерки. Сега фокусот е на тие кои со одлука на Влада им забранивме да работат во овие две недели. Но, сепак сфаќаме, најтешко ќе се вратат во стопанството и размислуваме како за нив, така и за другите што се погодени да ги поддржиме со развојни програми и тоа ќе го направиме, прецизира Битиќи.

Според оценката на премиерот Заев, полнењето на државната каса оди според планираното, приходите се на повисоко ниво од преткризниот период од минатата година, а добрата кондиција на буџетот во првиот квартал и позитивните трендови што се препознаваат се должат на преземените мерки, но и на довербата на деловната заедница во мерките кои овозможија стопанството да не работи во грч туку да ја следи бизнис логиката дури и во вакви услови.

Зоран Заев (фото: Кирил Михаилов)

 

Премиерот смета дека владиниот стимул придонесе за двојно амортизирање на економскиот пад лани, поточно, според калкулациите на Министерството за финансии е амортизиран за 4,2 процентни поени и наместо пад од -8,7 отсто реалниот пад на економијата лани беше -4,5 проценти. Имплементирани се, како што вели, околу 70 мерки преку кои на граѓаните и на стопанството им биле ставени на располагање 860 милиони евра или 82 отсто од вкупниот план за износ на мерки. Од вкупно 70 усвоени мерки во рамки на сите  четири пакети, во тек е имплементацијата на 21 мерка во вредност од 30 милиони евра, додека имплементацијата на седум мерки во вредност од 150 милиони евра се во собраниска процедура и се надева дека пратениците бргу ќе дадат зелено светло и на овие мерки.

Првиот пакет антикризни мерки е имплементиран со 90,1 отсто, вториот пакет мерки е 100 отсто имплементиран, третиот пакет 75,4 отсто и четвртиот пакет 72,7 отсто, а некои од мерките од третиот и четвртиот пакет се реализираат во текот на оваа година, така што вкупната имплементација на мерките во однос на планот може да се зголеми, па дури може да достигне и до 99 отсто имплементација.

Доколку не биле преземени мерките како субвенции за плати, придонеси од плати, платежни картички и сите мерки кои беа донесени, според оценката на премиерот Заев, падот на приватната потрошувачка би бил речиси двојно поголем, односно -11,8 отсто, наместо -5,6 отсто колку што изнесува според објавените податоци на Државниот завод за статистика.

Next Post
Фото:  Јане Ѓорѓиоски

Утринските температури до – 8 степени, дневните до 17

Shortcut

Најново

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 12, 2026

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk