ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Северна Македонија меѓу шампионите во регионот по растот на нови обновливи извори на енергија

April 12, 2021 11:37
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија минатата година го зголеми производството на енергија од обновливи извори на 827 мегавати, што претставува раст од 10,1 проценти и е во рамки на светскиот просек на зголемување од 10,3 отсто, објави специјализираниот портал „Балкан Грин Енерџи Њуз“.

Со ваквиот раст земјава се најде на трето место меѓу земјите од регионот, зад Кипар кој забележа зголемување на произвоидството на енергија од обновливи извори за 15,2 отсто на 371 мегавати и Турција со раст од 10,8 проценти на 49,4 гигавати.

Зад Северна Македонија се најдоа Грција со зголемување за 9,5 проценти на 10,9 гигавати, Албанија со раст од 6 отсто на 2,3 гигавати и Хрватска која го зголеми капацитетот на производтво на енергија од обновливи извори за 5,1 проценти на 3,2 гигавати. Останатите земји од Југоисточна Европа забележаа многу низок раст на искористувањето на обновливите извори на енергија, посочува порталот.

Според податоците на Меѓународната агенција за обновлива енергија (ИРЕНА) глобалниот капацитет на производството на енергија од обновливи извори во 2020 година е зголемен за 10,3 проценти, на нешто помалку од 2,8 теравати.

– Економскиот пад предизвикан од пандемијата на коронавирусот остави длабоки последици на целата планета, но обновливата енергија продолжи да бележи раст. Импресивно е и тоа што соларната енергија и енергијата на ветерот заедно сочинуваат 91 процент од новите инсталации. Соларната енергија имаше најголем раст од сите технологии од 22 отсто на 714 гигавати, следена од енергија на ветрот со раст од 18 проценти на 733 гигавати, се додава во извештајот на ИРЕНА.

извор: МИА

Next Post

Заев на средба со Села и Гаши за решение за законот за државјанство

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk