„Во петиот пакет мерки имаме директна помош на ивент индустријата, тие да организираат содржини со теми од јавен интерес, а ние ќе ги финансираме. Велиме дека тема од јавен интерес е 30 години независност на државата и тие пари ќе бидат неповратни. Но, кога некој носи „црни очила“ и не ја гледа сликата, туку ја гледа само неговата, јас тогаш велам да ги симнат очилата и да седнеме да се договориме. Суштествено е што ние можеме да му помогнеме на овој сектор, но ако седнеме да се договориме.“- изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи, во вестите на Сител зборувачи за двата милиона евра кои владата ќе ги издвои за ивент индустријата, односно за финансирање на нивните настани од областа на музиката, културата, уметноста…
Навистина жалам што се уште не можеме да преминеме преку дневно политички агенди и да одговориме на потребите на секој граѓанин. Во време на здравствена и економска криза нужно е да бидеме брзи и ефикасни.
На левица-десница им пречел #MKWIN! Епа еве уште една тазе победа за македонската енергетска политика, без разлика дали на ботовите од фејкњуз визбите тоа ќе им се допадне или не: “Македонија на врвот по раст на обновливи извори на енергија во регионот!”
Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не е решен, но оти може да се стави под контрола за неколку месеци со докажани мерки во заштитата на јавното здравје.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов денеска присуствуваше на состанокот на Главниот координативен кризен штаб при Влада на Република Северна Македонија, што се одржа утрово, како раководител на владини тела за управување со кризи имаше седница на Групата за процена, а попладне имаше седница со Управувачкиот комитет.