ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦГК: Државата наплатува само 8,2 милиони евра годишно за експлоатација на минералните суровини

April 13, 2021 11:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Концесија за користење минерални суровини имаат добиено 264 фирми на кои им се издадени вкупно 358 концесии, со кои е опфатена површина од 349 квадратни километри, што е 1,4 отсто од вкупната територија на државата, покажуваат резултатите од  истражувањето и базата на податоци на доделени концесии за минерални суровини за 2019 година што денеска ги објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Според податоците, вкупно се експлоатираат 50-тина видови минерални суровини, а најмногу 110 концесии се издадени за експлоатирање на варовник, за вода 47 и за песок и чакал 43. Најмногу од концесиите – 32 се издадени на територијата на Општина Прилеп, по што следат Гостивар со 21, Струга со 18 и Сопиште со 15 концесии. Најмногу концесии по девет, имаат Цементарница УСЈЕ од Скопје и градежната фирма Гранит од Скопје, шест има МИСА-МГ од Скопје, а пет концесии има Кнауф Радика од Дебар.

– За добиените концесии се плаќа надомест по две основи: за користење на површината и за експлоатираните количини. По првата основа, годишно се прибираат само околу 800 илјади евра, додека по втората основа, за количината на експлоатираната суровина се прибираат 7,4 милиони евра. Или вкупно по двете основи се прибираат околу 8,2 милиони евра, велат од ЦГК.

Најголем годишен надомест, прецизираат, плаќаат рудникот Саса 2,2 милиони евра и рудникот Бучим 1,2 милиони евра.

– Тие заедно плаќаат дури 43 отсто од вкупните пари што годишно се слеваат во државната каса за експлоатацијата на суровините, посочуваат од ЦГК.

Нагласуваат дека истражувањето се реализира во рамките на активноста „Јавно трошење за јавно добро“, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, чија цел е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

извор: МИА

Next Post

Пладневен преглед: На крајов на месецов ќе пристигнат 200.000 вакцини, кога Апасиев зема хонорари, тогаш храни фамилија, а кога тоа го прави толкувачка на знаковен јазик, таа според него е мршојадец, Хелсиншки со правно мислење околу бездржавјанството

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk