ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Џонсон и Џонсон ја одложува употребата на вакцината во Европа

April 13, 2021 18:20
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ денеска соопшти дека ја одложува употребата на својата вакцина против коронавирусот во Европа, додека во САД се спроведува истрага за поврзаноста меѓу ретки појави на згрутчување на крвта и нејзината вакцина.

Компанијата ја објави одлуката откако центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) и американската Управа за храна и лекови (ФДА) препорачаа земјата да ја паузира употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон против Ковид-19 откако беа пријавени шест случаи на „редок и тежок“ вид на згрутчување на крвта.

Разгледуваме случаи со европските здравствени власти, изјавија претставници на компанијата.

Донесовме одлука за проактивно одложување на употребата на нашата вакцина во Европа, додадоа од „Џонсон и Џонсон“.

Стотици илјади дози од оваа вакцина требаше да бидат доставени во Европа во следните недели.

Шесте пријавени случаи биле меѓу повеќе од 6,8 милиони дози на вакцината на Џонсон и Џонсон, администрирани во САД.

Сите шест случаи се случиле кај жени на возраст меѓу 18 и 48 години, а симптомите се појавиле 6 до 13 дена по вакцинирањето, се вели во денешната заедничка изјава на д-р Ана Шухат, главен заменик-директор на ЦДЦ и д-р Питер Маркс, директор на Центарот за биолошка евалуација и истражување при ФДА.

„ЦДЦ за утре свика состанок на Советодавниот комитет за практики на имунизација (АЦИП) за понатамошно разгледување на овие случаи и проценка на нивното потенцијално значење“, се вели во соопштението. „ФДА ќе ја разгледа таа анализа бидејќи ги истражува и овие случаи. Додека не заврши тој процес, препорачуваме пауза во употребата на оваа вакцина, првенствено поради претпазливост. Ова е важно и за да се осигури дека давателот на здравствени услуги во заедниците е свесен за можни вакви несакани појави и ќе може да планира правилно препознавање и управување, поради единствениот третман потребен со овој вид на тромб“.

Во изјавата на Џонсон и Џонсон за Си-Ен-Ен се посочува дека сите оние кои до три седмици по вакцинирањето имаат голема главоболка, болка во стомакот, болка во нога или недостиг на здив, треба да побараат медицинска помош.

Сепак, како што пренесува Си-Ен-Ен ваквите нуспојави се „екстремно ретки“, односно се случуваат една во милион.

Според Д-р Карлос дел Рио, извршен соработник декан на Медицинскиот факултет на Универзитетот Емори додаде дека згрутчувањето на крвта може да биде поврзано со тоа дека вакцината на Џонсон и Џонсон е вакцина против аденовирус – ист тип како и вакцината против коронавирус на Астра Зенека.

извор: МИА
Next Post

Шкода го обнови својот теренец „Кодијак“

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk