Царинската управа е чувар на нашите граници, финансиските интереси, здравјето и животот на граѓаните на нашата држава. Институција која е исклучително важна во градењето имиџ на европска и современа држава.
Ова го напиша вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски на својот ФБ профил, по повод Денот на Царинската управа.
– Царинските работници веќе втора година работат во време на пандемија од коронавирусот и како прв контакт, лице на државата се постојано изложени на зголемени ризици. Им благодарам и им посакувам да продолжат со своето успешно дејствување, безбедно и во добро здравје, вели Николовски, честитајќи им го на царинските работници Денот на Царинската управа.
извор: МИА