ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Форумот на добри компании: Доаѓа време на вработувања врз основа на вредности, а не што имате во CV

April 16, 2021 11:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во иднина, вработувањата најмногу ќе се темелат на вредностите на човекот, на неговите вештини, карактер и личност, наместо на параметрите кои ги наведувам во кусите биографии. Ова, ќе придонесе и во поглед на инклузијата, односно ќе го унапреди регрутирањето на ранливите лица на пазарот на трудот. Ова е еден од заклучоците донесени на првиот ден од четвртото издание на Форумот на добри компании, кој се одржа вчера, а на кој присуствуваа вицепремиерот Фатмир Битиќи, амбасадорката на Германија во земјава Анке Холштајн и Климентина Илијевски, извршна директорка на Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“.

Главен фокус на форумот, организиран од „Паблик“, на кој учество зедоа и околу 200 учесници од регионот, беше ставен на иднината на работните места, особено после пандемската криза.

Своите ставови на темата споделија лидери од познати компании ширум светот, но, и претставници на институции, меѓународни организации, аналитичари, претприемачи.

-Светот после пандемија бара коригирање, спојување на заедничките сили со цел создавање нов систем каде социјалната економија ќе биде главен актер во развојот на традиционалната економија, а главниот фокус ќе биде ставен на позицијата на највредниот ресурс – луѓето, се дел ид ставовите на лидери од познати компании ширум светот, но, но, и претставници на институции, меѓународни организации, аналитичари, претприемачи.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека ковид кризата има особено влијание на ранливите групи граѓани, а основните вредности секогаш мора да се засноваат на идејата да се грижиме едни за други.

-Верувам дека светската економија ќе има сериозно поместување кон социјалната економија, каде што центарот на вниманието ќе им припаѓа на општествено одговорните компании, оние кои работат за добро на општеството, а кои преку генерирање профит создаваат можности од голема важност за ранливите групи. Социјалното претприемништво е нешто на што сите треба да се фокусираме. Верувам дека во светот има многу неискористени можности и дека многу идеи ќе бидат претворени во големи социјални бизниси кои ќе одговорат на многу социјални предизвици, помагајќи му на општеството да стане посилно, подобро и поразновидно. Го препознаваме големиот потенцијал на социјалното претприемништво и сме подготвени да го прилагодиме нашиот систем за нови идеи и нови начини на создавање бизнис со цел да изградиме инклузивно општество, нагласи Битиќи.

Тој потсети дека Владата на Република Северна Македонија, преку Националниот совет за одржлив развој, ја потврди заложбата за спроведување на Агендата на Обединетите нации 2030 година и ја истакна важноста за стабилна интеграција на Целите за одржлив развој во националните стратешки документи и локалните планови.

Германската амбасадорка Холштајн потенцираше дека Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ, коорганизатор на Форумот, заедно со „Паблик“), преку поддршката на овој тип настани укажува дека ја препознава потребата и важноста од создавање социјални претпријатија, како решение за поголема економска одржливост.

– Ако сакаме интеграција на ранливите групи, тогаш треба да го поттикнеме и нивното економско учество, нагласи таа.

Илијевски сподели дека на пандемијата може да се гледа и како на значителен глобален настан во историјата на неколку генерации, по кој светот има шанса да ја насочи глобалната економија кон сосема нов правец, којшто ќе ја прекине практиката што доведе до огромни последици за планетата и за човештвото.

-Во посакуваните општествени системи инклузивните работни места, инклузивните бизниси и инклузивниот раст се високи приоритети. Во нив растот нема да се следи само преку БДП, туку преку сет индикатори кои истовремено ќе носат информација – кој има бенефит од економскиот раст, дали растот е одржлив во однос на ефектите врз животната средина, како тој влијание врз благосостојбата на луѓето, истакна Илијевски.

Еден од главните говорници на Форумот, Чарли Фелгејт, лидер за иновации и визија во „Декатлон“, Франција, повика дека е неопходно во ова време фокусот да биде ставен на иднината на луѓето, и дека проблемите може да се решат само ако сите засегнати страни работат заедно.

Елиах Родман, пак, претприемач од „My Interview“, Израел, сподели дека стартапот регрутира преку иновативна алатка која ја истакнува личноста на кандидатите и укажа дека на површина излегуваат вредностите важни за вработувањата во иднината.

Во рамки на првиот ден на Форумот на добри компании, свое обраќање имаше и Даниела Зампини, сениор специјалистка за вработување од Меѓународната организација на трудот, која зборуваше за тоа колку е важно, ако сакаме да ја подобриме иднината на работните места, да инвестираме во „луѓето и нивните способности, да им дадеме можности, да ги ремоделираме институциите, но, и да вложуваме во дијалогот помеѓу сите страни – бизниси, институции, граѓански сектор, работници/граѓани.

Првиот форумски ден беше заокружен со панел-дискусија посветена на улогата и моќта на бизнисите во решавањето социјални проблеми, а главни учесници беа: Весна Бајшански Агиќ од фондацијата „Мозаик“ од Босна и Херцеговина, Коста Петров, директор на Фондот за иновации и технолошки развој, Пјотр Јанович од компанијата „Конструкта“, Полска, и Пјотр Марчиниак, архитект и универзитетски професор од Полска.

Вториот ден во фокус  ги има моделите и добри практики на соработка меѓу социјалните претпријатија, локалните заедници и институциите, информираат организаторите.

Овој ден меѓу главните говорници се и Ан-Софи Гунарсон од „ИКЕА“, Шведска, Анете Скопета, заменик директорка од Европски центар за социјална заштита, Австрија, како и Вим ван Амел и Би Бижненс, менаџери во „Ај Диверсо“, Белгија.

извор: МИА

Next Post

Преку трите линии бескаматни кредити од Развојната банка обезбедени 44,1 милиони евра за стопанството

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk