ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Преку трите линии бескаматни кредити од Развојната банка обезбедени 44,1 милиони евра за стопанството

April 16, 2021 11:35
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Преку трите кредитни линии, Ковид 1, 2 и 3, од Развојната банка на Северна Македонија, обезбедени се ликвидни средства во вкупен износ од 44,1 милиони евра, пришто се поддржани над четири илјади компании кои вработуваат 36.802 лица. Оваа финансиска поддршка значително им помогна на компаниите да ја одржат својата ликвидност во кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19, кредитите се со каматна стапка од 0% и грејс период до 6 или 12 месеци, кој за Ковид 1 дополнително се продолжи за три месеци.

До Владата е доставен Извештај за исцрпеноста на бескаматната кредитна линија Ковид 3, од која се овозможени заеми на 2.703 трговци-поединци и микро и мали компании, кои вработуваат вкупно 19.031  лица. Вкупниот износ на одобрени заеми изнесува 30,6 милиони евра. На повикот се пристигнати 3.282 кредитни барања од кои се разгледани 97%. Од нив, се одобрени 2.703 кредитни барања, додека за 489 кредитни барања е утврдено дека не исполнуваат најмалку еден од условите од Јавниот повик.

Најголем број на одобрени кредитни барања има од мали компании – 1.422 (53%), потоа следуваат микро компании – 1.052 (39%), трговците поединци кои се 171 (6%) и 58 занаетчии (2%).

СтруктураКредитни барања%
Мали трговски друштва1.42253%
Микро трговски друштва1.05239%
Трговец поединец1716%
Занаетчија582%
Вкупно2.703100%

Во однос на регионалната распределба, најголемиот број на компании се од Скопскиот плански регион, вкупно 878 (32%), по што следува Полошкиот плански регион со 392 компании (15%), вкупно 322 (12%) компании се од Југоисточниот плански регион, 303 компании (12%) се од Југозападниот плански регион, 257 (10%) се од Источниот плански регион, 270 (10%) се од Пелагониски плански регион, 146 компании (5%) се од Вардарски плански регион, додека од Североисточен плански регион кредити добија 135 компании (5%).

РегионКредитни барања%
Скопски87832%
Полошки39215%
Југозападен30312%
Југоисточен32212%
Источен25710%
Пелагониски27010%
Вардарски1465%
Североисточен1355%
Вкупно2.703100%

Бескаматните кредитни линии се покажаа како одлична алатка за премостување на кризата за микро, малите и средни компании, трговците поединци и занаетчиите, обезбедија нивна ликвидност и обртни средства, со што се помогна за зачувување на работните места. Со вкупните средства од над 44 милион евра, директно е поддржаната работата на 1.943 микро компании, 1.783 мали компании, 75 средни компании, 219 трговци поединци и 58 занаетчии, кои вработуваат 36.802 лица.

КРЕДИТНА ЛИНИЈАМикро компанииМали компанииСредни компанииТрговец поединецЗанаетчииВкупно компанииВработениФинансиски средства

(мил. Евра)

КОВИД 15171751727/7366.5255,5
КОВИД 23741865821/63911.3258
КОВИД 31.0521.422/171582.70319.03130,6
ВКУПНО1.9431.78375219584.07836.80244,1

Next Post

Шахпаска: Развојот на социјалните претпријатија е потврда за градење на одговорна економија насочена кон луѓето, економија која ги става луѓето пред профитот

Shortcut

Најново

Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

ВЛЕН до Беџети: Молчеше 1058 дена како министер, а денес ги манипулира албанските студенти

May 29, 2026
Фото: Скриншот, видео НАСА

(ВИДЕО) Експлозија на ракетата „New Glenn“ на Blue Origin за време на тестирање на Флорида

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk