ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Шахпаска: Развојот на социјалните претпријатија е потврда за градење на одговорна економија насочена кон луѓето, економија која ги става луѓето пред профитот

April 16, 2021 11:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска со свое обраќање го отвори годинешниот Форум на добри компании во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ и Германското  друштво за интернационална соработка (ГИЗ).

Акцентот на вториот ден од годинешниот Форум, кој што за првпат годинава  се оддржа  онлајн беше  ставен на социјалните претпријатија,  социјалните услуги како потреби на заедницата и иновациите во оваа област.

„Намалувањето  на сиромаштијата и зајакнувањето на човечкиот капитал е заедничка стратешка цел на Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Северна Македонија. Со реформите создаваме интегриран, транспарентен и одржлив систем на социјална заштита кој обезбедува достапни, ефикасни и квалитетни мерки и услуги, креирани да одговорат на реалните потреби на граѓаните,“ рече министерката во своето обраќање.

Таа потенцираше дека, многу важен сегмент во реформските процеси е децентрализацијата на социјалните услуги. Тоа подразбира изградба на локални мрежи од социјални услуги дизајнирани според специфичните потреби на граѓаните во секоја општина.

„Процесот на децентрализација овозможува и поттикнува меѓуопштинска соработка во социјалната заштита и развој на нови иновативни социјални услуги. Но, таа предвидува и мултилатерални партнерства кои што претставуваат здружување на институции и организации од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор кои имаат заедничка цел,  заедно да се справат со комплексните и мултидимензионални социјални проблеми,“ истакна Шахпаска.

Таа посочи дека  развојот на социјалните услуги овозможува вложување во човечкиот капитал и вработувања кои одговараат на потенцијалите, афинитетите и потребите на работоспособните граѓани на локално ниво.

„Реформата има значајно влијание во развојот на социјалната економија во земјата, постигнување на социјална кохезија, борба против сиромаштијата преку вклучување на ранливи категории на граѓани на пазарот на трудот, унапредување на конкурентноста на економијата и подобрување на квалитетот на животот во целина, “ рече министерката Шахпаска.

Таа истакна дека Министерството за труд и социјална политика е носител на првата Национална стратегија за развој на социјалните претпријатија чија цел е развој на одржлив еко-систем и со која се потврдува  посветеноста за градење на одговорна економија насочена кон луѓето, економија која ги става луѓето пред профитот и промовира демократско управување.

„Социјалните претпријатија постојат за да адресираат општествен предизвик и не се создадени со намерата да креираат профит. Тие се сликата на деловните ентитети од иднината и можностите за трансформација на економијата кон економија која решава општествени предизвици  и која се грижи за благосостојбата на човекот, “ порача Шахпаска.

Next Post

ЕК сака да се вклучи Западниот Балкан во Конференцијата за иднината на Европа

Shortcut

Најново

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 13, 2026
Data center server room technology digital network illuminated cables cybersecurity

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk