#FrontAction ВЛАДАНКА ДИМКОВСКА
Борбата за чист воздух е наша борба, секој од нас е подеднакво одговорен кога станува збор за згадувањето. Начинот на кој што ние ќе ја понесеме личната одговорност – зборува за нас како општество. Дали пандемијата помогна да се намалат честичките загаден воздух или воздухот и одмогна на пандемијата – сеуште не можеме да знаеме.
Но, едно е сигурно, Скопје годинава дише почист воздух. Полека но сигурно, се појавуваат намалувања на загадувањето кои сепак се резултат на сите нас и на градските власти зарем не?
На темата чист воздух и за тоа која е нашата одговорност имав можност да разговарaм со Никола Наумоски (Град Скопје) и Горјан Јованоски (AirCare) , како и да спроведам мала анкета во центарот на Скопје за да дознаам што мислат граѓаните на оваа тема.
Прв пат после 7 години, Скопје бележи пад на загадувањето во првиот квартал од 2021 година, споредено со истиот период од претходните години. При анализа на нивото на ПМ10 честички во воздухот од страна на државните мерни станици, месеците јануари, февруари и март покажуваат праволиниски пад на овие вредности на територијата на градот Скопје. До сега, највисоки вредности биле измерени во 2017 година кога имало дури 365.5 ПМ10 μg/m3. Од тогаш, вредностите се во постојан пад. Дополнително, покрај постојаниот пад, доколку се вратиме само неколку години наназад, ќе видиме дека нивото на ПМ10 μg/m3 за само 4 години паднало речиси три пати.
Скопје кој до пред неколку години беше од врвот на листите на најзагадени градови, годинава е на 380 место, според IQair.
Доколку сакаме да дишеме чист воздух и во иднина мора да се продолжи со спроведување на политиките насочени кон намалувањето на загадувањето на воздухот чии што ефекти стануваат видливи, и од страна на институциите и од стана на граѓаните.
Владанка Димковска
Камера: Aтанас Петровски
Монтажа: Биљана Јордановска