Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце, на Фесбук напиша министерот за здравство Венко Филипче.
-Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија. Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше, додава министерот.
„Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот. Горд сум на моите колеги!“, стои во статусот на министерот.