Утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце, на Фесбук напиша министерот за здравство Венко Филипче. Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.
Владата и опозициските партии на Албанците постигнаа договор за законот за државјанство. Детали ќе се соопштат откако предлогот ќе се стави на хартија, со точни правни формулации. На законското решение ќе работат предлагачите, ќе го достават кај извршната власт и потоа ќе биде претставено пред јавноста. Сепак, се уште е неизвесно кога Собранието целосно ќе се одблокира и кога ќе бидат ставени пред пратенциите на пленарна седница петиот пакет антикризни мерки и точките усогласени меѓу власта и опозицијата.
Секој обид за прекројување на границите ќе доведе до дестабилизација на Балканот, постои можност единствено за отстранување на границите и тоа преку членството во Европската Унија и влезот во Шенген зоната, порача вчера македонскиот државен врв во врска со наводниот нон-пејпер, кој словенечкиот премиер Јанез Јанша во февруари го испратил до Брисел и неколку дестинации во ЕУ, насловен како „Западен Балкан-патот напред.
Состојбата во болниците е стабилна, нема некој голем и неконтролиран наплив на пациенти во сите јавно-здравствени установи во Скопје и насекаде во државата. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека после мини притисокот во понеделникот, следните денови е еднаков бројот на испишани и примени пациенти. Се очекува во наредниот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува.
Новиот закон освен што ќе овозможи да има избор на учебници што ќе се користат во наставата по секој предмет, за прв пат овозможува самите учебници да се инклузивни. Тоа значи дека секоја книга што ќе ја имаме во хартиена верзија, да има и аудио верзија, а МОН ќе може да ја печати и на Брајово писмо за децата со оштетен вид, што досега не беше пракса, рече Царовска.
Одлуката што ќе ја донесе Советот на Општина Центар за суспензија на Деталниот урбанистички план, на седница, која се уште не е закажана, ќе пресуди дали на локацијата спроти хотелот „Холидеј ин“ ќе почне изградбата на висококатницата.
М. Миткоска