ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Имот ќе пријавуваат и сите административци, предложен нов шести пакет мерки, секое дете ќе има пристап до уред

April 18, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Изјави за состојбата на имотот и за судир на интереси ќе пријавуваат и сите административци кои даваат услуги на граѓаните, најави вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски. Воведуваме нов систем и ова е целосна трансформација на општеството, вели тој.

На македонската јавност и е добро позната заложбата на претседателот Пендаровски да ги поддржува сите законски иницијативи и проекти кои се во интерес на граѓаните и тоа се однесува и на т.н. петти пакет на економски мерки кој денес го потпиша со кој помош треба да добијат 60.000 наши граѓани и стопански субјекти, најтешко погодени за време на пандемијата.

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски вечерва најави дека во вторник, на следната владина седница, ќе биде предложен новиот пакет мерки кои ќе ги опфати сите субјекти кои беа затворени во изминатите 14 дена.

Премиерот Зоран Заев попладнево на својот фејсбук профил упати честитки до пратениците, претседателот на Собранието и до собраниските служби за усвојувањето на законите од петтиот пакет антикризни мерки.

Едниве бараат да се работи онлајн за да се носат закони за да можат луѓе да земат пари од петтиот пакет ковид мерките, другиве пак не сакаат, опструираат кворум и се надмудруваат со безвезни процедури. Оној пак од Левица се заканува дека ќе тужеле за „загрозување на здравјето“, a ваму нели се сеќаваме дека Апасиевци беа први против онлајн одржување на седници на собранието. Тогаш поднесоа 1.200 амандмани со саркастични содржини, пишува ЈАНЕ ЃОРГИОСКИ.

Министерството за образование брифираат дека секое училиште ќе има обврска да обезбеди потребната количина ИТ уреди (таблет компјутери) кои ќе даваат на користење на учениците кои во своите домови немаат услови, односно не поседуваат електронски уред за употреба на дигиталните учебници. Ова значи дека државата ќе биде одговорна секое дете да има пристап до уред, нагласуваат извори од министерството.

Од почетокот на пандемијата, во светот биле заразени со коронавирус околу 140,8 милиони луѓе, а повеќе од три милиони пациенти починале од последици од Ковид-19. Досега администрирани се околу 780 милиони вакцини во светот.

М. Миткоска

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН

Владата најавува шести пакет мерки, туристичко-угостителскиот сектор утре на протест

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk