ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Мини анализа на македонскиот парламентаризам: Зошто сведочиме на отсуство на минимум компромис за сите точки, освен за патните трошoци?

April 19, 2021 11:00
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
извор МИА

извор МИА

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ИВАН ДУРГУТОВ

Македонските позициони и опозициони пратеници, независно за кој временски период се работи и независно дали „социјалдемократите“ или „конзервативците“ го кројат парламентарното мнозинство, имаат една иманентна карактеристика. Тоа е целосното отсуство на „common sense“ кај нив, односно немањето на сенс за општото добро. Замислете, тоа заедничко, јавно добро можело да биде и над партиската прагматика. Како последиците по физичкото и психичкото здравје на граѓаните, по повеќе од цели 13 месеци континуирана пандемија да не се доволни, па секогаш се тука и избраните претставници на народот да не потсетат колку е сурова нашата реалност.

Не може, а да не се запраша човек каков ни е народот, ако вакви ни се народните избраници. Нека е и реторичко прашањето, но последните перипетии во она што треба да се нарекува дом на демократијата ги надминаа и сите негативни перцепции кои ги имавме околу луѓето кои седат на удобните 120 столчиња таму.

Како претставнички дом и тело кое треба да го симболизира она граѓанското, нашето Собрание одамна веќе не наликува на тоа. Дури ни во ера на штотуку дигитализирано образование кое како феникс се издигна од пепелта и започна од нула за денес да функционира на далечина, нашите парламентарни процедури упорно градат имунитет на било каква дигитализација и фаќање чекор со светските трендови. Можеше една Шпанија за една мала Македонија, преку онлајн алатка, да гласа за ратификување на нејзиното членство во НАТО сојузот. Арно ама македонските умни глави кои се во редовите на пратениците, никако не успеваат да ја наметнат темата за промена на Деловникот на Собранието и да овозможат електронско изјаснување на пратеничкиот состав. Ова не го помислуваат дури ни по цена на загрозување на нивното сопствено здравје, имајќи предвид дека повеќе од 120 луѓе некогаш се наоѓаат во една иста просторија, колкава и да е таа.

Од друга страна, ако нешто мора да претставува плодно поле за постигнување на каков-таков компромис помеѓу владиното и опозициското членство во парламентот, тогаш тоа дефинитивно е економијата и ублажувањето на катастрофалните последици за кои може да осознаеме штом пандемијата ќе дојде при крајот. Двата предлог-закони на оваа тема која треба да ја донесат толку очекувана финансиска инјекција се закажани за седницата бр. 36 на Собранието, со почетен датум на одржување на 25.03.2021 година. Без малку, речиси еден месец потоа, овие две од четирите точки на дневниот ред за споменатата седница никако „да видат бел ден“ и да завршат на страниците на најновото издание на Службениот весник.

Не е нелегитимно собраниските ходници и сали да претставуваат арена за политичка борба. Не е спорно дека филибастерингот не е изум на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица или Алијансата за Албанците и Алтернатива. Меѓутоа, не може да не скандализира нивното инаетење и водење на бескрупулозна битка врз грбот на граѓаните, а дел од тие граѓани и нивни поддржувачи. Македонскиот парламент, низ годините наназад, без прекин продолжува да ја испраќа пораката на било која опозиција – дека колку полошо е за државата, толку подобро е за таа опозиција и за нивното партиско конто. Ваквото резонирање е недопустливо и ако токму тие, пратениците кои се опозиција, сакаат да ја согледаат големата слика, ќе разберат дека на подолг рок ваквото нешто не е ниту во нивен прилог. Калкулациите со обезбедување или не на кворум во пленарната сала, претставуваат неверојатна асоцијација на нефункционалноста на т.н. техничка влада и врела шлаканица за освестување дека решението на здружени сили, власт и опозиција, едноставно не функционира во македонски контекст.

Невидена леснотија на биднување пратеник е таа кога си со најмалку трикратно поголема плата од онаа просечната во државата и со баснословни патни трошоци кои, чиниш, ги тераат и пратениците со живеалиште во главниот град да се прашаат „како и јас не бев од некој друг град“. И токму овие надоместоци за (не)реално направените трошоци за патување отвораат дилеми, за кои јавноста има став дека сепак сите 120 пратеници синхронизирано се бранат или „гувеат“. Токму тука, нема „харање“ помеѓу различните политички провиненции, нема ниту еден јунак од тие 120 кој не ќе достави налог за поврат на патните трошоци.

Дереџето до кое е сведена институцијата носител на законодавната власт е тоа во кое двајца пратеници мораа во скафандери и друга заштитна опрема, да влегуваат под посебни протоколи во посебни кабини и оттаму да сигнализираат глас за пакетот на економски мерки. Ова замислете беше нужно за добивање зелено светло на толку базични нешта, како финансиска помош на оние најзагрозените од ковид-кризата помеѓу граѓаните. Истите мерки конечно се изгласаа и од денес преку даночната управа би требало да бидат процесуирани кон економските оператори и индиректно кон граѓаните.

Ерозијата на македонскиот парламентаризам е евидентна, а април месец е месецот на озлогласениот априлски дваесет и седми ден. Датумот 27 април не потсетува на едни слики кои никако да избледат во нашите глави, ама изминатите денови од април 2021 година, исто така, не потсетуваат од неопходноста за поголем квалитет помеѓу кандидатите за пратеници и од нужноста за реформа на Изборниот законик и изборниот модел. На Македонија, насушно и се потребни отворени листи и вистински претставници кои искрено ќе бидат блиску до нивниот електорат и после изборната кампања и испорачаните розови ветувања.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk