Попладнево се очекува во земјава да пристигнат 10 илјади вакцини на „Фајзер“, а исто толку се очекува да стигнат и на 26 април. Вакцините денеска со авион ќе стигнат во Софија, а попладнето со специјален транспорт ќе дојдат во Скопје.
Владата најави дека подготвува шестти пакет мерки за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор сектор, а тие најавија дека од утре ќе протестира пред Владата се до исполнување на нивните барања.
По неколкумесечна блокада за реализација на петтиот пакет антикризни мерки вчера пратениците во Собранието ги донесоа законите поврзани со овој пакет. Законите беа донесени едногласно, со гласовите и на парламентарното мнозинство и на опозицијата, а од посебни кабини и облечени во скафандери гласаа и двајца пратеници позитивни на Ковид-19.
МОН најавува серија на дигитални услуги – Веќе достапна можноста за онлајн нострификакција на дипломи стекнати во странство.
Мини анализа од Иван Дургутов на македонскиот парламентаризам: Зошто сведочиме на отсуство на минимум компромис за сите точки, освен за патните трошoци?
ФРОНТ, колумна од Сашо Орданоски: Може ли некој да објасни зошто опозицијата во Собранието го одигра вака ова со изгласувањето на петтиот пакет финансиска помош за погодените компании и работници од пандемијата? Збунети се, неспособни или се само злобни?!
РЕНДГЕН: „Размислувањето е тешко. Затоа повеќето луѓе судат.“ – Карл Јунг.
Доколку претседателот, Румен Радев, утре и го врачи мандатот на партијата која освои најмногу гласови на парламентарните избори, веќе в среда нема да има никакво проблем во Националното собрание да се гласа за составот предложен од кандидатот за премиер, Даниел Митов.
Од утре (вторник 20 април), во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена за посетители, изложбата со наслов „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години“
Организаторите на Супер лигата најавија официјално формирање на новиот турнир. Во Супер лигата ќе се натпреваруваат: Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Милан, Интер и Јувентус. Уште осум клуба треба да им се придружат подоцна.