ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Во училиште се учи љубовта кон планетата Земја

April 22, 2021 11:50
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во глобалната акција за спасување на планетата Земја, децата односно учениците заземаат централно место. Подигнувањето на свеста за потребата од заштита на околината од најмали нозе, придонесува за иднината на целата Земја. Стекнувањето на основните информации преку конкретни истражувања, односно искуствено научени лекции, се основните предуслови да се осознаат проблемите, но и поголем мотив да се делува во насока на заштитата на животната средина и активно вклучување на младите во сите фази на заштитата. Всушност, во училиште се учи љубовта кон планетата Земја.“

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на денешниот настан организиран од Министерството за животна средина, Министерството за образование и наука и Американската амбасада во Скопје,  по повод Денот на планетата Земја – 22 април. На настанот беше најавено повторно активирање на програмата за заштита на животната средина – ГЛОБЕ, а воедно и  промовирано ново издание на Водичот за учители, со цел наставниците во училиштата да го обноват и надградат знаењето поврзано со темата за заштита на животната средина и истото соодветно да го пренесат на ученици.

„Задоволство ми е што повторно заедно со нашите партнери ја активираме програмата за заштита на планетата Земја – ГЛОБЕ во чии рамки наставници кои се веќе обучени како тренери во претходни циклуси на обуки поврзани со темата, сега повторно ќе го обноват своето знаење и ќе го пренесат на нивните колеги, а потоа сите заедно ќе ги едуцираат децата како правилно да се однесуваат кон средината во која живеат и со тоа ќе дадат придонес кон глобалната акција за заштита на Земјата“, рече министерката Царовска.

Потенцираше дека Северна Македонија посветува сериозно внимание на тоа да оваа тема допре до најмладите и во таа насока истата ќе се интегрира во сите нови наставни програми кои се изработуваат согласно новата Концепција за основно образование, а воедно наставниците покрај активностите за време на наставата, ќе имаат можност и преку дополнителни воннаставни активности да ја подигнуваат свеста кај младите за заштита на животната средина.

Инаку, во Република Северна Македонија GLOBE програмата започна да се имплементира од 24 август 1998 година и досега се вклучени 29 училишта, односно 15 средни и 14 основни училишта од целата територија на државата. Оваа Програма нуди можности за децата на училишна возраст да научат повеќе за планетата Земја, да добијат основни информации, да ги идентификуваат ризиците по животната средина, да ги разберат, анализираат и да преземат акција.

Next Post

Пладневен преглед: Изготвени сертификати со кои вакцинираните граѓани ќе можат да патуваат во Грција, на ГАК годинава направени над 90 медикаментозни абортуси, стипендии за ученици во дуални паралелки

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk