Министерот за здравство д-р Венко Филипче, посочи дека нашата држава веќе има изготвено сертификат, по насоки на ЕУ, со посебен код кој ќе послужи на вакцинираните граѓаните да патуваат во Грција, откако тамошните власти ќе донесат и официјална одлука за тоа.
Со храброст и визија ја презедовме одговорноста да ја водиме новата Влада и веднаш покажавме огромна разлика. Ги вративме слободата и демократијата, ги отворивме институциите, се посветивме на мерки и политики кои донесоа економски раст, повисоки плати и пензии и повисок животен стандард. Во остварувањето на овие цели не водеше фактот дека СДСМ произлезе од народот и му остана верна на народот, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Сите учениците коишто се во дуално образование, коишто ги исполнуваат условите и оние коишто се во тригодишно стручно образование, околу 2000 ученици ќе добијат стипендија во висина од 3.500 денари месечно, уште од прва година, рече министерката за образование и наука Мила Царовска.
Сотруваа сè. Уништуваа сè што според нив „треба“ да се уништи. Го сотреа Скопје, ја сотруваа и државата. „убиваа“ со умисла. Со моторни пили му ги отсекоа белите дробови на Скопје, го облекоа во мермер, бронза и стиропор, и немилосрдно го загушија. Околу барокно античкиот саркофаг насадија палми и врби, а Вардар повеќе не беше река со специфичен мирис. Сè што ќе кажете може да се искористи против вас во понатамошната постапка. Имате право да молчите… пишува БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ.
Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство соопшти дека годинава направени се 56 медикаментозни абортуси во прв триместар и 37 медикаментозни абортуси во втор триместар од бременоста, а во 2020 година се направени 34 медикаментозни абортуси во прв триместар на бременост и осум медикаментозни абортуси од 12 до 22 гестациска недела.
Жителите од Ново Маало, вчера и официјално поднесоа петиција до Владата и Општина Центар со која бараат итно да постапат согласно законите и да овозможат изградба на комплексот кој е предвиден да се гради на паркингот на Холидеј Ин. Ако Општина Центар го суспендира ДУП-от ќе поднесеме тужба и до судот во Стразбур, велат тие.
М. Миткоска







