ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ДКСК до ЈО со иницијатива за истражни дејствија за донесувањето на ДУП „Голем ринг“

April 22, 2021 13:35
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница му предложи на Јавното обвинителство да ги преземе сите истражни дејствија, да ги обезбеди сите неопходни докази, да ги утврди сите релевантни факти и да донесе законита и правична јавно – обвинителска одлука во однос на реализација на ДУП „Голем ринг“  јужен дел исток, што опфаќа простор помеѓу улиците „Васил Аџиларски“, реката Вардар и булеварот „Кочо Рацин“, улицата „Мирче Ацев“.

Иницијативата од ДКСК се однесува на градоначалникот на Општина Центар во периодот од 2009-2013 година, на градончалникот на Општина Центар од 2013-2017 година, раководителот на Секторот за урбанизам во општина Центар од 2012 година, раководителот на Секторот за уредување на просторот во Министерството за транспорт и врски во истиот период, помошникот раководител на Секторот за планирање и уредување на просторот на Град Скопје во истиот период, како и на двајцата планери и овластеното правно лице „Билт“ ДОЕЛ Скопје, фирмата што го изработувала планот.

– Иницијативата е затоа што во постапката за изменување и дополнување на ДУП Голем Ринг за Општина Центар за 2012 – 2017 година тие ја злоупотребиле својата службена положба и ги пречекориле границите на службеното овластување, постапувајќи спротивно на членови од Законот за просторно и урбанистичко планирање и со тоа прибавиле значителна имтона корист за сопствениците на градежната парцела 1.1. од ДУП во делот „Голем ринг“,  рече претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Овој ДУП е донесен 21 декември 2012 година, а ДКСК смета дека со неговото носење сторени се повреди како од страна на планерите, кои како професоналци од областа се обврзани да постапуваат според правилата од струката и законските прописи, но и од страна на вработените во општината и во Градот Скопје и во Министерството за транспорт и врски, кои ги занемариле ваквите пропусти и со тоа овозможиле донесување на ДУП спротивен на законските прописи.

Основата за оваа иницијатива за кривично гонење е битката кои дел од граѓаните ја водат со локалните и државните моќници години наназад, истакна Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК и додаде дека на истиот начин се донесени и бројни планови во Општина Центар и најави дека ДКСК понатаму ќе истражува и за останатите планови кои на многу сличен начин биле донесени во тој период односно не биле усогласени со Генералниот план од 2002 година, ниту со тој од 2012 година.

– Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување од КЗ, ДКСК до Јавното обвинителство доставува иницијатива за поведување постапка за кривично гонење службени лица кои со своето постапување односно не постапување придонеле во 2012 година да се донесе ДУП неусогласен со Генералниот урбанистички план и да се резлизира  имотна корист кај сегашните сопственици на парцелата која е дел од од ДУП-от, појасни Ивановска.

Таа изрази надеж дека ќе произлезе некаков епилог по оваа иницијатива од страна на ДКСК.

Ивановска информира дека на средба со актуелниот градоначалник на Општина Центар им било кажано дека на почетокот на неговиот мандат до ЈО поднеле информации кои се однесуваат на законско пречекорување на ДУП-овите.

Заклучно досега, подвлече Ивановска, од ЈО не сме виделе некоја поголем аактивност и се надеваме дека вака разработена нашата иницијатива, како што рече, ќе им помогне побрзо да дејствуваат.

Ивановска информира дека во функција на решавање на проблемите од урбанизмот и градежништвото, ДКСК имале состаноци со министерот за транспорт и врски и со директорката на Агенцијата за планирање на просторот, како и со сите градоначалници од оваа областа, по што било заклучено дека причините за ова состојба треба да се бараат многу наназад во годините.

Нури Бајрами, член на ДКСК  ги повика сите институции и вработените во јавниот сектор да укажуваат на вакви случаи и да станат заштитници за животната средина.

извор: МИА

Next Post

Промовирана национална платформа за електронски упис на првачиња

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk