ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Шести пакет на мерки во најава – угостителите (не)задоволни и (не)самокритични

April 22, 2021 17:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, КОМЕНТАРИ
Фотографија: Кирил Михаилов, ЦИВИЛ Медиа

Фотографија: Кирил Михаилов, ЦИВИЛ Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

Македонското население е препознатливо по својата карактеристика дел од своето слободно време да го поминува во угостителските објекти. Угостителството, несомнено, претставува значаен дел од македонската економија, но и секојдневие. Оттаму, Владата усвои т.н. шести сет на мерки за помош и ублажување на последиците од тековната пандемија.

Еден од недостатоците кои им ги припишуваат на западните земји нашинците таму, знае да биде и пониското ниво на социјален живот. Не дека во западна Европа, граѓаните не се социјализираат и забавуваат, но тоа некако го прават поумерено и на различен начин. Дел од разликите се културолошки, дел се резултат на различните економски параметри, наши и нивни, но и како таа економска благосостојба треба да се постигне и одржува.

Како и да е, непобитен факт е дека угостителството претставува профитабилен бизнис во Македонија и дека речиси и да нема локал кој служи храна и/или пијалаци, а истиот да „зјае празен“. Вкусната храна, начинот на живот и седенките на македонските граѓани за разни поводи и прослави, се дел од причините зошто сите ние, почесто или поретко, сме посетители на овие објекти.

Владата најави нов, шести по ред, пакет за помош на овој сектор кој моментално функционира хибридно, односно без можност за седење и присуство во објектите. Дел од угостителите се повторно незадоволни и коментираат дека средствата кои ќе се доделат се недоволни. Она што се наѕира од досегашното искуство е дека дел од угостителите како мака да мачат да се помират дека сепак се работи за пандемија на глобално ниво и дека апсолутно не се издржани било какви „пред и потоа“ споредби.

Економската и здравствена криза од која светот долго ќе се оправа, без дилема, остава последици и врз функционирањето на економските оператори. Со тоа треба да се помириме сите и да се трудиме да бидеме максимално приспособливи и иновативни, наместо просто да ги чекаме некои минати времиња кои е прашање дали воопшто пак ќе дојдат.

Истовремено, како одговорно граѓанство, секогаш мора да го поставуваме и прашањето што правиме ние за државата, а не само што прави таа за нас. Функционирањето преку општествениот договор, значи дека и едните и другите поседуваме права, ама и обврски. Во ера на криза, сите ние сме со свои барања за финансии, помош и поддршка од државата, но на државата не треба да се сеќаваме и да гледаме како на сојузник само во период на кризи.

Редовното издавање на фискални сметки, евидентирањето на целокупниот дневен промет, и прикажувањето на реалната добивка, елиминирањето на сивата, па и црна економија, почитувањето на работничките права и прописите од областа на трудовото право, почитувањето на најновите здравствени протоколи – сето ова е само дел од нештата преку кои треба континуирано да изразуваме поддршка на државата и државната каса.

Во дел од државите со кои тежнееме да се споредуваме, присутна е максимата согласно која „полесно ќе поминеш ако застрелаш човек, отколку ако затаиш данок“. Како и да звучи ова, редно време е да ја сфатиме и сопствената одговорност и да кажеме стоп на креативните начини да се заобиколат обврските кон својата држава.

За илустрација, сведоци сме дека елитни угостителски простори, кои се и со простор од повеќе од 2000 метри квадратни, честопати фигурирааат со по еден, двајца или тројца пријавени вработени и со завршни сметки како цела година жив човек да не стапнал таму, а вистинската слика е дека за маса се правеле резервации една недела однапред. Ова е само еден од примерите, а заклучокот сам се наметнува. Затоа, да престанеме на државата да гледаме како на „мајка“ единствено кога од неа нешто ќе ни треба, а како „маќеа“ кога ќе имаме за плаќање данок или друга давачка кон неа.

Иван Дургутов

Next Post

Приведен инспектор од Државниот инспекторат за животна средина, примил поткуп!

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk