ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Охридскиот аеродром со меѓународен здравствен сертификат

April 27, 2021 13:14
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Aerodrom Sv. Apostol Pavle Ohrid

Aerodrom Sv. Apostol Pavle Ohrid

Share on FacebookShare on Twitter

Аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид се стекна со здравствен сертификат од Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council International World).

Сертификатот претставува нов меѓународен репер за спроведени здравствени мерки што се издава согласно Програмата за здравствена акредитација на аеродромите ширум светот. Програмата е насочена да обезбеди безбедност на аеродромските објекти за патниците, како и оти се спроведуваат мерки на претпазливост за да се намали ризикот по нивното здравје.

„По разгледување на доказите презентирани во текот на процесот на евалуација, вашиот аеродром покажа дека нуди безбедно аеродромско искуство за сите патници, што е во согласност со препорачаните здравствени мерки утврдени во упатствата на ACI за рестартирање и закрепнување на деловните активности во воздухопловството и препораките на работната група за закрепнување на воздухопловството на Советот на ICAO, заедно со најдобрите практики во индустријата, вели Луис Фелипе де Оливеира, генералниот директор на ACI World.

Здравствениот сертификат е со важност од една година, по што следи процес на ресертификација.

– Чест ни е што го добивме сертификатот за здравствена акредитација на аеродорми од ACI за охридскиот аеродром, откако веќе истиот го добивме за скопскиот аеродром во октомври 2020 година. За аеродормот во Охрид аплициравме на Програмата за здравствена акредитација на аеродроми на ACI, во ноември 2020 година, а целиот процес на ревизија траеше досега, април 2021 година. Сите наши процеси беа предмет на ревизија и инспекција, вклучително и аеродромскиот план за подготвеност при јавно-здравствена вонредна состојба и Планот за дезинфекција, како и Протоколот на ТАВ за работење на аеродромот при пандемија кој се имплементира секојдневно на охридскиот аеродром во време на пандемија. Здравствената акредитација на аеродроми на ACI е глобално признание дека Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид нуди безбедни патувања за нашите патници, изјави генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Метин Батак.

„ТАВ Македонија“ првите три месеци од тековната година ги заокружи со пад во патничкиот сообраќај од 64 отсто за двата аеродроми со кои стопанисува – Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, споредено со истиот период минатата година. Бројот на летови на двата аеродрома заедно е намален за 44 проценти.

За престојниот летен период за скопскиот аеродром се најавени летови за 44 дестинации на 11 авиокомпании, додека од охридскиот аеродром каде моментно има само две авиолинии, од крајот на јуни се очекуваат 13 редовни дестинации и шест сезонски чартер летови.

Од „ТАВ Македонија“ ги информираат патниците дека брзите промени во политиките на различни држави за влез на патници нивно тло поради епидемијата на Ковид-19, како и евентуални откажувања на летовите до некои од дестинациите значи дека останува отворена можноста од измени во најавениот ред на летање.

извор: МИА

Next Post

Заев за дигиталните учебници: Нема да дозволиме ниту едно дете да биде заборавено затоа што е родено во сиромашно семејство

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk