пишува: РИБАРО
Откако вчера Мицкоски и Николоски ја покажаа сета нивна злоба и нечовечност критикувајќи ги здравствените работници од вакциналниот пункт во салата „Борис Трајковски“ што украдоа момент за да се релаксираат со хитот „Вакцина“ на Дац и Александар, денеска, извори од белата палата на вмровците, за АХА, велат дека Мицко и Аце биле инфлагранте фатени како на цел глас ја пеат истата песна.
Настанот се случил во кабинетот на Мицко, а присутни биле Николоски и уште неколку вмровци од врхушката на партијата.
Мицкоски со приметно фалширање го држел првиот глас и го водел орото, додека Николоски и компанија фатени за орото, држеле втор глас и ритам.
Како што јавуваат нашите извори, настанот го забележала хигиеничарката во белата палата и откако овие виделе де се наоѓаат во небрано, за да молчи и било понудено место во Извршниот комитет на вмровците.
– Една песна пеат пред народот, друга за по дома, шизофрени преваранти се тоа, им раскажувала хигиеничарката на нашите извори.
Николоски за АХА, изјави дека спремале настап за во „Борис Трајковски“, и дека се подготвуваат да го преземат орото во нивни раце. – Нема што таму некој Денис и здравствени работници да водат оро, кога се знае кој е главен ороводач во државава, рече Николоски.
Дац пак, кога му укажавме какво изненадување спремаа вмровците, повтори:
„Ние сме само две ноти и неколку збора во морето музика и текст кое не опкружува. За некого морето е радост, извор на здравје, но за некого е смртен непријател во кој неукиот и тупиот на збор и музика може да се удави. Или попрецизно кажано: Нека се гонат лудаците у триста лепе…“. кратко коментираше Дац, за АХА.
п.с. Хигиеничарката, не им ја прифатила понудата.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK