ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: С. Македонија бележи напредок на демократијата, со тоа сме на вистинскиот пат, два милиони евра неповратни средства за поддршка на проекти на старт-ап и спин-оф компаниите

April 28, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија бележи демократски напредок и го зголемила индексот на демократија од 3,75 на 3,82, за разлика од повеќето други земји во регионот, покажува извештајот на Фридом хаус „Нации во транзиција 2021“.

Апсолутно денешниот извештај на Фридом Хаус потврдува дека сме на вистинскиот пат, денешниот извештај потврдува дека Северна Македонија се подобрува и излегува од 2017 навака од ужасната состојба која оваа Влада ја има наследено и државата и институциите и бележи постојан раст во делот на слободата и демократијата што е успешна приказна која што на Балканот му е потребна.

Заменикот на претседатеот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за Иновација и Технолошки развој Коста Петров, денес го промовираа јавниот конкурс за старт-ап и спин-оф компании „Стартапувај 3“. Два милиони евра неповратни средства за поддршка на проекти на старт-ап и спин-оф компаниите.

Угостителските објекти од денеска ќе можат да ги отворат терасите и да работат до 20:30 часот. Од денеска престанува да важи и забраната за организирање, одржување и присуство/учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип.

Осум лица се приведени досега во Арачиново во полициската акција која се уште е во тек во врска  со недозволена трговија со оружје и дрога. По повеќемесечна истрага, во Арачиново се приведени осум лица, а меѓу нив и еден полициски службеник и едно лице во Св. Николе, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот ФБ профил.

Господине Мицкоски, би сакал најдобронамерно да Ви помогнам, затоа што гледам дека не знаете дека песната “Марина” (во препев “Вакцина,,) е компонирана од познатиот италијански шансониер Роко Граната. Ние на таа мелодија напишавме текст. Компонирање е едно, а пишување забавен текст на дадената мелодија е сосема нешто друго , а нашата финална композиција е препев или кавер. Таква беше и “Корона Чао”, ако се сеќавате, хит во нашиот регион. Кој знае – ок, кој не знае – предолго за објаснување, вели Драган Спасов Дац.

По смената на несудениот пилот Стојко Пауновски од директорското место во Државниот пазарен инспекторат, Зоран Заев го премина својот политички Рубикон, пишува  САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА.

Каков е „пи-арот“ на спротивната страна? Мрачен, злокобен, преполн со апокалиптични слики, со врескање и плачење, небаре е Среден Век и земјата ја изгореле проклетства, чума и суша. Преполн е со контрадикции и „дупки“. Се служи со лаги и навреди, а неретко и со вулгарни изрази. Ни трошка надеж и спокојство, Има разлика… пишува ЏАБИР ДЕРАЛА.

М. Миткоска

 

Next Post

Битиќи: Дадени се насоки за постапки за реструктуирање на „Еурокомпозит“

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk