Британската Кралска ковачница изработи златна пара тешка десет килограми. Ова е најтешката досега „паричка“ во нивната 1.100-годишна историјата, пренесува „Гардијан“.
На кованицата го има ликот на кралицата Елизабета Втора и натпис: „Ѕверовите на кралицата“. Потребни биле 400 часа, т.е. четири дена полирање, за да се направи монетата, којашто Кралската ковачница ја опиша како „величествена“.
Парата е веќе продадена, а Кралската ковачница засега не соопштува подробности за продажбата, ниту за купувачот. Се знае само дека „паричка“ со оваа големина и вложен труд и вештина, може да достигне и шестцифрена цена.
Монетата е широка 20 сантиметри и е изработена со традиционални вештини, но и иновативна технологиjа. Апоенот има вредност од 10.000 фунти (11.500 евра).





