ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Ќе се пробива улицата Џон Кенеди низ ромската населба за да се спои со Пластичарска

May 1, 2021 14:39
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе се пробива улицата Џон Кенеди низ ромската населба во Чаир за да се спои со булеварот Никола Карев или познатата Пластичарска улица.

„Пробивањето на оваа улица е дел од визијата и коридорите кои ги градиме во северниот дел од градот, со цел да овозможиме побрз проток на сообраќајот и пократко време за патување. Овој дел од Скопје со години бил запоставуван. Во моментов го прошируваме булеварот Никола Карев, работиме на улицата Македонско-косовска бригада и очекувам годинава да завршиме со проектирање на новата улица и догодина да стартуваат градежните работи. Со тоа ќе заокружиме една целина во овој дел кој години наназад е тесно грло“, вели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, пренесува СДК.мк.

Град Скопје предвидува улицата Џон Кенеди да продолжува од крстосницата со улицата Македонско-косовска бригада до булеварот Никола Карев кај Американската амбасада. Улицата ќе се пробива низ ромската населба во Чаир за да се спои со Пластичарска улица.

За нејзина изведба триесетина куќи од ромското маало кои се наоѓаат од трасата ќе се урнат, а сопствениците ќе добијат обесштетување. Како што вели градоначалникот Шилегов, улицата ќе биде со четири коловозни ленти, по две во двата правци и ќе се овозможи брз проток на сообраќајот во овој дел.

Пред неколку денови, Шилегов најави изведба на клучката кај Момин поток која е една од двете главни рути што ги поврзуваат северниот и јужниот дел од градот.
Презентација на Момин поток. Фото: Град Скопје
„Според својата комплексност, се работи за убедливо најсложениот сообраќаен проект којшто Град Скопје го има изработено од 1965 година, па наваму. Малку поедноставен е проектот за клучката кај хотелот „Континентал“. Со цел да се намали сообраќајниот метеж на овој потег, се предвидува изградба на 2 кружни тека, првиот треба да ја замени крстосницата кај булеварот 8.Септември и улицата Скупи и вториот кој треба да ја замени крстосницата на булеварот Никола Карев и патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница. Од вториот кружен тек улицата продолжува до крстосницата со булевар Словенија каде што се поврзува со булеварот Словенија и со булеварот Босна и Херцеговина. Оваа сообраќајница е една од клучните градски сообраќајници бидејќи дневно овде поминуваат 25.000 возила и метежот е голем“, рече градоначалникот Шилегов на промоцијата на проектот.

 

Next Post

Границите на Грција остануваат затворени за македонските државјани до 14 мај

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk