По трагата на една вознемирувачка снимка што кружи по социјалните мрежи од Кочани, Фронтлајн од полициски извори дознава дека вчера, 30 април, во 17.00 часот било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Кочани дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка меѓу повеќе лица.
Според пријавата, Д.Ј. по вербална расправија со И.В., почнал да се заканува со употреба на остар предмет, со кој го повредил на раката Ј.И, кој се обидел да му го одземе. Како што стои во пријавата, потоа двајцата синови на И.В. физички го нападнале Д.Ј., по што И.В. и Д.Ј. биле пренесени во Општата болница Кочани каде им биле констатирани повреди. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок – се дознава од брифингот со полицијата.
Оваа информација е особено важна, бидејќи веќе се забележани различни неточни верзии од настанот на социјалните мрежи.
Д. Е.