ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Дополнителни попуштања на рестрикциите ако продолжи стивнувањето на пандемијата

May 5, 2021 12:08
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката за намалување на рестрикциите воопшто не е политичка. Претходно телефонски се консултирав со членовите на Комисијата на заразни болести, кои се согласија за намалување на мерките. Во текот на следните денови, односно од почетокот на следната недела, доколку трендовите продолжат во оваа насока, ќе следат и дополнителни попуштања на рестрикциите, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на последната одлука за олабавување на мерките посочи дека Комисијата за заразни болести немала официјален состанок поради празникот, но оти имал телефонска консултација со претседателот на Комисијата и со дел од членовите, при што разговарал за попуштање на мерките.

-Во однос на последната одлука, со оглед на тоа што состанокот на Главниот координативен кризен штаб се одржа во понеделникот, јас имав телефонска, консултација со претседателот на Комисијата, и со дел од членовите со кои што разговаравме за предлог попуштање на рестриктивни мерки, притоа разговаравме и за сегашната епидемиолошка ситуација и состојбата во болниците односно дали има можност да се попуштат рестрикциите, додаде Филипче.

Рече дека сите членови се согласиле да има олабавување на мерките заради тоа што епидемиолошката ситуација тоа го дозволува.

Предлогот за намалување на мерките доаѓа од министерот, но тој посочи дека овие предлози никогаш не доаѓаат од Министерството, без претходно да се направи една широка консултација.

Појасни дека во текот на вчерашниот ден имало и официјален состанок на Комисијата на кој што е потврдена согласноста за она што претходно неофицијално го искомуницирале, а министерот го предложил до Владата преку Главниот координативен кризен штаб.

-Донесени се и некои дополнителни одлуки и оттука и препораката за која Владата вчера донесе одлука да се скрати полицискиот час, угостителски објекти до 22:30 часот. Другите барања беа добиени, имаше барања за отворање на теретани или зголемување на бројот на деца во градинките, за тоа Комисијата смета дека е сеуште рано и има препорака за 14 дневен карантин за сите патници кои доаѓаат од Индија и од Бразил, заради тоа што таму се случува еден силен  притисок и бран, треба да видиме дали тој сој на вирусот има значајно поразлични каратеристики од овој што беше сега, а тоа е британскиот сој, посочи Филипче.

Министерот појасни дека сите документи и записници во однос на донесените одлуки се јавни уште од почетокот на кризата.

Како што надополни, денеска има околу 300 новодијагностицирани пациенти, меѓутоа веќе се враќаат одделенијата во нормална работа, како што е Одделението за урологија, за пластична хирургија…  

-Од денес почнува со работа и Клиниката за кардиологија. Значи, нема веќе таков притисок од пациенти каков што имаше претходно. Во текот на следните денови, во почетокот на следната недела доколку трендовите продолжат во оваа насока ќе следат и дополнителни попуштања на рестрикциите, додаде министерот Филипче.

извор: МИА

Next Post

Шахпаска на средба со мајките кои се на породилно отсуство – МТСП со предлог до Комисијата за зголемување на бројот на деца во градинките

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk