ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владите на Франција и С. Македонија потпишаа Договор со кој ќе се зајакне филмската копродукција помеѓу двете земји

May 5, 2021 16:47
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија и Франција потпишаа Договор кој се однесува на филмската копродукција помеѓу двете земји, во кој надлежни институции се Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и Францускиот Националниот центар за кинематографија и анимирани слики.

„Во рамките на една посета на Париз што се одржа на 23 февруари 2021, нашите двајца Министри за надворешни работи, Г-динот Жан-Ив Ле Дријан и Г-динот Бујар Османи потпишаа Договор за копродукција во областа на филмот. Посакуван од страна на Македонската агенција за филм, овој Договор претставува пред сè признание на македонската кинематографија која е во полна обнова, а ја имаме денес таа среќа со нас да бидат двајца нејзини најголеми претставници.

Но кои се предностите на овој договор? Конкретно тоа значи дека една идна француско-македонска копродукција ќе може да побара поддршка во Франција исто како да е француски филм. Како што знаете, Франција го има еден од најуспешните системи за поддршка на филмот. Дали е тоа случајност? Франција е земја во којашто се снимаат најмногу филмови во Европа, со повеќе од 200 реализации годишно.

Постои веќе француско-македонска соработка во областа на филмот. Сметам дека со овој договор, условите се обединети за оваа соработка да се интензивира уште повеќе, а врз основа на овој Договор, да изградиме повеќе надеж за младите и блискост за граѓаните од нашите две земји. И моја желба е да овој договор биде што побргу инкубатор за едно идно француско-македонски ремек-дело!“ – изјави Амбасадорот на Р. Франција во С. Македонија Н.Е Сирил Бомгартнер

„Овој билатерален Договор помеѓу македонската и француската Влада за филмска копродукција е важен како да потпишете размена на играчи помеѓу македонската и бразилската фудбалска репрезентација. Франција е земја со најдолга и најбогата филмска историја и има огромна важност во европската и светска кинематографија. Македонскиот нов филмски бран кој доживува успеси, со овој Договор ќе може да ги прошири хоризонтите уште повеќе, и да се отвори можност да се создаваат нови квалитетни филмски дела под услови поволни за двете страни.“ – изјави Бојан Лазаревски – директор на Агенцијата за Филм

„Уште кога почнавме да правиме филмови, сфативме дека единствениот начин да постоиме е да бидеме дел од европскиот систем, и да не бидеме изолирани. Бидејќи убавината и богатството на филмската уметност е токму разновидноста. Преку Еуримаж веќе сме дел од европскиот филм, но овој Договор со Франција е чекор напред.

Уметноста и науката одат пред политиката, а овој Договор е доказ за тоа. Истражував дека Франција веќе има потпишано ваков Договор со Германија, Италија, а фактот што на нашата мала Македонија ù е дадена ваква можност, преку кој не само што може да се аплицира во француските филмски фондови, кои што се многу, но и француските филмови можат да дојдат во Македонија и тоа не само заради локациите туку и заради човечкиот потенцијал: филмските креативци и работници како и актерите.“ – изјави Теона С. Митевска, режисер

„Ова е веројатно најголемиот формален исчекор на македонската кинематографија во нејзината скромна историја. Затоа што кога зборуваме за европски филм, во суштината на  оваа кованица стои државата Франција. Не само заради браќата Лимиер, Жорж Мелијес, Трифо, Годар, Лук Бесо, туку затоа што Франција е креатор на европската културна политика која дава рамноправна шанса на малите нации со големите, а овие вредности се втемелени од принципите на Француската Револуција.

Со овој Договор, влегуваме во битот, во суштината на европскиот филм кој претставува критиката на општеството, слободата на изразувањето  како и културната диверзификација. Среќен сум поради можноста да соработуваме со француски продуценти, со француски автори, бидејќи копродукција не значи само размена на пари, туку значи размена на креативен потенцијал.“ – изјави Игор Иванов – Изи, Претседател на друштвото на филмски работници на Македонија.

Договорот кој се однесува на копродукција помеѓу двете земји, надлежните институции кои го спроведуваат истиот (Национален центар за кинематографија и анимирани слики – Р. Франција, и Агенција за филм – Р. Северна Македонија) се тие кои се грижат дали е обезбеден баланс во техничкиот и уметничкиот удел во филмските дела реализирани како копродукции,

Овој Договор е склучен на неопределено време помеѓу Француската Република и Република Северна Македонија.

 

 

Next Post

(ВИДЕО)Царовска: Образованието е клучен столб во градењето на општество кое се темели на граѓанските вредности

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk