ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Дата база за доставувачите од Западен Балкан за полесен пристап до регионалните и глобалните ланци на снабдување

May 10, 2021 12:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Компании добавувачи од автомобилската, прехранбената и лесната индустрија ќе имаат можност да се вклучат во дата базата на податоци што се иницира во рамки на Коморскиот инвестициски форум и на тој начин, заедно со останатите добавувачи од Западен Балкан, ќе станат подостапни за регионалните и глобалните ланци на снабдување.

Дата базата ќе ги содржи основните податоци за компанијата, податоците за производствените капацитети, технологии што ги применува компанијата во производството, сертификатите со кои располага, нивната позиција во ланецот на снабдување, земјите во кои извезува и.т.н.

Кон оваа дата база ќе бидат вклучени и податоци за компании кои имаат активен ангажман на полето на циркуларната економија.

– Сумарно за сите посочени сектори, оваа дата база треба да содржи податоци за приближно 2000 добавувачи и инвеститори кои се вклучени односно имаат потенцијал за поголема вклученост во регионалните и глобалните ланци за снабдување, истакна Татјана Штерјова Душковскa од Стопанската комора, која е генерален секретар во Коморскиот инвестициски форум.

Од Стопанската комора на Северна Македонија очекуваат кон оваа дата база да се приклучат најмалку од 300 до 400 компании од сите сектори од земјава.

Автомобилската индустрија ќе биде првиот сектор каде ќе се изврши мапирањето кое треба да заврши кон  почетокот на јули, а за останатите сектори, овој процес треба да заврши до крајот на годината.

Освен ова, обезбедена е и техничка помош за 60 компании од регионот за дигитална трансформација, како и техничка поддршка за 60 компании за изготвување на проекти за добивање на средства преку европските фондови за надградба на нивните постојни или набавка на нови капацитети. Планирано е да се организираат и повеќе средби меѓу овие компании со цел нивно вмрежување.

Од Стопанската комора на Северна Македонија ги повикуваат сите заинтересирани компании да се вклучат кон оваа дата база на податоци.

извор: МИА

Next Post

Заев - Фон дер Лајен во Брисел: Идентитетски прашања не смее да бидат на масата за разговори, Европската комисија ќе се вклучи со уште посилен ангажман во барањето решение за старт на преговорите (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk