ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Фон дер Лајен ја потврди нејзината поддршка за почеток на преговори со С.Македонија

May 10, 2021 13:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателката на Европската Комиисја, Урсула фон дер Лајен, на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев потврдила дека поддржува формален почеток на преговорите со Северна Македонија што поскоро и решавање на спорот со Бугарија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Зоран Заев утрово оствари средба со шефицата на европската извршна власт како и со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во Брисел, каде престојува два дена во пресрет на јунските Совети на ЕУ на кои треба земјите членки на ЕУ да одлучат за одржување на првата Меѓувладина конференција, односно формалното отпочнување на преговорите, со Скопје и Тирана.
Македонскиот премиер за МИА изјави дека на Фон дер Лајен и повторил дека Северна Македонија нема намера да прифати почеток на преговорите по цена на македонскиот идентитет и јазик.
Портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер, за МИА попладнево порача дека на средбата Фон дер Лајен ја повторила нејзината поддршка за отпочнувањето на преговорите со Северна Македонија, за кое ЕУ даде зелено светло пред повеќе од една година веќе, но кои не можат да се материјализираат поради ветото на Бугарија.
Претседателката и премиерот Заев отвориле низа теми од интерес за двете страни, рече Мамер.
-Таа ја потврди нејзината поддршка за отворањето на преговорите со Северна Македонија и ги поздрави реформите во Северна Македонија во рамките на процесот на зачленување и даде охрабрување тие да продолжат. Стана збор и за поддршката што ја дава ЕУ во напорите во борбата против Ковид-19 вклучително и дистрибуцијата на вакцини, рече Мамер.
Фон дер Лајен и Заев разговарале и за економските и инфраструктурни проекти кои Европската Комисија сака да ги поддржи во Северна Македонија, како изградбата на железничка, гасоводот и проекти поврзани за зелената агенда на ЕУ за обновливи енергии.
На прашање дали Фон дер Лајен го поддржува ставот на евркомесарот за проширување Оливер Вархеји дека е можно одвојување на Албанија и Северна Македонија, портпаролката за проширување, Ана Писонеро, дообјасни дека комесарот сака одржување на Меѓувладините конференции со двете земји, но дека со оглед на фактот дека конечната одлука е во рацете на земјите членки, Европската Комисија нема влијание.
Таа потсети дека и Албанија е поготвена за преговори.
-Еврокомесарот беше многу јасен дека двете земји исполнија тоа што се бара од нив и дека двете земји треба да одржат Меѓувладина конференција што е можно поскоро, но одговорноста за свикување на Меѓувладините конференции е кај претседателството на ЕУ во Советот, рече Писонеро.
Мамер додаде дека претседателката на Комисијата ги охрабрува Бугарија и Северна Македонија да го решат спорот.
Next Post

Грлиќ Радман во пресрет на министерскиот состанок на ЕУ: Почеток на преговорите со С.Македонија и Албанија

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk