Шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел, изјави попладнево дека со министрите за надворешни работи на ЕУ се согласиле дека не постои намера за одвојување на Албанија и Северна Македонија во ЕУ процесот, јави дописничката на МИА од Брисел.
Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефицата на Постојаната мисија на Северна Македонија во ЕУ Агнеза Руси-Поповска, денеска во Брисел оствари средба со претседателот на Европскиот Парламент Давид Сасоли.
Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска, имаше работен ручек со претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили на кој што изрази надеж дека конечно по воспоставувањето на дипломатските односи со Грузија во 2019 година, ќе почнеме еден период на поинтензивна комуникација и политичка соработка на високо ниво.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со членовите на делегацијата денеска во Брисел имаше средба и со Аугусто Сантош Силва, министерот за надворешни работи на Португалија која е претседавач со ЕУ во актуелниот мандат.
Фасада од надмоќ и супериорност, но длабоко утврдено чувство на помала вредност. Недоверба кон другите и непријателство кон системот, како израз на сопствената несигурност и невклопеност. Тоа е сплет од особини што може да го зачаури поединецот во затворени системи на верување, пишува КриТинк.мк во својата нова анализа, што подолу ја пренесуваме во целост.