ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Обновени санитарните јазли во основното училиште „11 Октомври“ во Скопје

May 12, 2021 12:17
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заврши реконструкцијата на санитарните јазли во основното училипте „11 Октомври“ во Скопје. Активноста започна уште минатата година и одевме постепено бидејќи не сакавме да ја нарушиме наставата. Целосната реконструкција на тоалетите е завршена, тие беа во многу лоша состојба и ме радува што конечно се заврши и тоа, изјави денеска градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

При посета на училиштето придружуванод министерката за образование и наука Мила Царовска Богдановиќ посочи дека е подобрен квалитетот, безбедноста и хигиената во училиштето за учениците, но и за персоналот. За реконструкцијата општината вложи 7,85 милиони денари.

-Неодамна завршивме со доградба на основото училиште „Гоце Делчев“, каде што ги проширивме капацитетите за осум нови училници и целосно е завршен надворешниот изглед на фасадата. Исто така, целосно е завршена реконструкцијата и во основното училиште „Димитар Миладинов“, во скоро време започнуваме со доградба на основното училиште „Коле Неделковски“, најави градоначалникот Богдановиќ.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска истакна дека во училиштето „11 Октомври“ санирани се и целосно реновирани сите претходно потребни состојби, со цел да се добијат современи стандарди за учење.

Таа додаде дека како Влада го поддржуваат континуираното инвестирање во образованието, што се дели на три нивоа за да се постигне стандард и квалитет.

-Првиот дел е инвестирање во наставниот кадар и нивна обука, вториот дел е инвестирање во програми, дидактика, наставни материјали и се што е потребно во училиштата за да се спроведува настава и третата многу значајна работа е инвестирање во инфраструктурата за да таа има еднаков стандард за сите ученици, додаде Царовска.

Министерката посочи дека се вложува труд да се инвестира во сите три нивоа, бидејќи како што истакна таа сведоци сме на резултатите што ги постигнуваат учениците на меѓународните тестирања, како и на домашните тестирања.

-Општина Центар вложува во наставниот кадар и инфраструктурата и сметам дека сите градоначалници треба на овој начин да спроведуваат ваков тип на инвестиции со цел да постигнеме поквалитетно образование, истакна Министерката Царовска.

Таа најави дека програмата од Светска банка од септември предвидува и инвестирање во кабинети за природни науки за да можат учениците да добијат соодветно образование, инвестирање во инфраструктурата, но и во обуката на наставниот кадар.

-Во постапка е селекција на прва група ментори кои првпат сега ќе бидат назначени за ментори, за да можат да им помогнат на останатите наставници кои работат во училиштата да постигнат подобри резултати во наставата што ја спроведуваат, додаде Царовска.

Директорката на основното училиште „11 Октомври“, Даница Блажеска истакна дека и претставува задоволство што е решен еден голем проблем во училиштето.

-Ме прави среќна фактот што заедно со Општината и поддршката од градоначалникот постојано се подобруваат условите за работа во нашето училиште, со што на учениците им се овозможува безбеден престој во училиштето, изјави Блажеска.

Директорката на училиштето додаде дека периодот на пандемија се искористи да се санира целата мрежа, со што учениците ќе имаат услови за одржување на хигиената.

извор: МИА

Next Post
Фото: скриншот

„Тортура“: Обвинетите со апсењето на Бошковски сториле страдање мотивирано од политички реваншизам, наведе обвинителството во завршниот збор

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk