ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Стоп на говорот на омраза: Социјалните мрежи главен извор и мегдан за меѓуетничка нетрпеливост и навреди меѓу младите

May 12, 2021 15:46
in ZOOM IN, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, МОЗАИК, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не навредувај различности туку почитувај е темата на која ученици од Гостивар и Тетово од различни националности ќе изработуваат уметничи творби во рамки на превентивно – едукативниот проект „Стоп на говорот на омраза“, чиј носител е отсекот за превенција при СВР Тетово, а кој четврта година по ред се спроведува во средните училишта во Тетово и Гостивар.

„Со овој проект во изминативе четири години беа опфатени 3000 ученици од повеќе средни училишта, но истиот извесно време паузираше поради корона кризата и ете сега ќе се заокружи со планираните содржини. На педесетина ученици и на нивните ментори вчера и денеска им беа поделени сликарски материјали, со кои тие дома ќе изработуваат уметнички творби со тема „Не навредувај различности туку почитувај“, рече Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Делата кои ќе бидат изработени на крајот од месецот ќе бидат изложени во Тетово и Гостивар, со порака во нив цврсто да му се застане на говорот на омраза, за жал неретко присутен во социјалните мрежи, а во кои се инволвираат и млади средношколци од овие простори.

Целта на проектот е да се потикнат и охрабрат младите да ги почитуваат различните ставови, мислења, припадност ориентација и други специфики и не само тоа, туку во прв план да ги извлечат вистинските вредности меѓу младите. Да се намалат насилните постапки од претходно споделен говор на омраза, најчесто споделен на социјалните мрежи.

 Од СВР Тетово, велат дека изминативе четири години додека се спроведува проектот, е увидено дека истиот дава позитивни резултати.

 „Ефектот од овој проект според анализита направена од СВР Тетово е мошне позитивен и оди во висинска насока, но тоа не значи дека треба да застанеме тука затоа што одат нови генерации уште поактивни на социјалните мрежи, што преставува предизвик плус за превентивата на СВР Тетово“, додаде Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Во рамки на проектот освен изработка на уметнички дела, беа вклучени и разни спортско – едукативни активности, но корона кризата ги стави во мирување дел од овие настани.
Зоран Димовски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk