пишува: РИБАРО
Редакцијата на АХА, од добро упатени извори, дознава дека Латас, Стевче Гром, Нефи, сопствениците на нелегалните платформи на Матка и други, упатиле претставка до претседателот Пендаровски, откако овој соопшти дека нема да го потпише Указот за Законот за легализација на дивоградбите кој претходно беше изгласан од пратениците во Собранието.
Како што јавуваат нашите извори, Латас , Стевче, Нефи и слична багра, се противат на непотпишувањето од Пендаровски, затоа што, како што нагласиле, со тоа ќе им се нарушел имиџот на главни контра-урбани багабонти, чие самоволие сега ќе било доведено во прашање.
Тие се заканиле дека ако евентуално пратениците ја коригираат својата одлука и решат да го изменат првичниот закон со кој овие ќе се спасеа од апсаана, ќе поднесат претставка до Уставен суд, а ќе се жалеле и до Судот во Стразбур.
Стевче во телефонски разговор за АХА, кратко изјави: Не може нам нико ништа, јачи смо од…
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK