ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Одбор на бранители: Со сквернавење на спомен плочи не се гради едно општество за сите

May 14, 2021 17:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Плочата поставена на 28 април кај тетовското село Вејце во спомен на осуммината загинати припадници на безбедносните сили, што загинаа во воениот конфликт во 2001 година, денеска претседателот на Одборот на бранители, Марин Најдов, ја затече искршена и фрлена во долот во месноста на Шар Планина викана Брезовица.

Тој смета дека ваквите вандалски чинови само го одмагаат процесот на создавање едно општество за сите, за кое како што рече и тие како Одбор на Бранители се залагаат.

„Ова не е првпат да се сквернават спомен обележјата. Бараме да се најдат сторителите и да одговорат кој е мотивот за ваквите чинови. Јас апелирав до властите да преземат превентивни чекори и да не се дозволат вакви работи. Јас го повикав вицепремиерот Артан Груби овој пат смогне сили, не за да помогне да имаме соживот, затоа што соживот имаме, туку да смогне сили да бидеме едно општество за сите, односно да не дозволи и да преземе чекори да не се кршат спомен обележјата. Се надевав дека овој пат тоа нема да се случи и тоа беше мотив да отидам и да видам дали е таа плоча на тоа место, но видовме дека плочата е скршена. И овој пат апелирам да се најде сторителот, не е во прашање казна и не се работи за материјална штета, туку се повредени чувствата на бранителите и на децата од бранителите и сите ние чувствуваме. Тука нема политика во ставање на плоча, туку едноставно одбележуваме 20 години од загинувањето и оддаваме почит и сочувствуваме.

Како Одбор на бранители ние буквално не се занимаваме со спомен обележјата на припадниците на ОНА кои ги има и се работи за грандиозни обележја. Тие си ги одбележуваат датумите со сочувства до загинатите, така сакаме и нас никој да не нѐ провоцира.

Спомен обележјата на ОНА никој не ги погледнал, а камоли да ги оштети. Не сакаме да се конфронтираме со никого сакаме едно општество, ама не сакаме и нас никој да не конфронтира.  Тој што ги крши нашите плочи што му е мотивот, ако ние не водиме политика, ако сакаме да водиме едно општество за сите и сега ако некој ги крши нашите плочи, нормално дека на тоа гледаме како на провокација и вака не можеме да изградиме едно општество за сите. И затоа и сега по втор пат го повикувам вицепремиерот Артан Груби да смогне сили да се најде сторителот и да се запраша што е тоа што него го тера да крши плочи“, истакна претседателот на Одборот на бранители, Марин Најдов.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово велат дека по пријавата од Одборот на бранители за сквернавењето на спомен плочата во атарот Брезовица, пратени се веднаш полициски екипи на лице место кое е фото-документирано, а плочата која била фрлена во бездна вратена на место.

„Како за овој случај така и за претходните, односно за спомен плочите на припадници на македонските безбедносни сили за кои се пријавени оштетувања полицијата презема мерки“, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски

Без разлика на сѐ, од Одборот на бранители додаваат дека нема да се откажат и дека натаму ќе ги одбележуваат достојно годишнините од загинувањето на бранителите.

Зоран Димовски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат

July 19, 2025
Марш за ангелите, Кочани. Фото: МИА

Петнаесетии Марш за ангелите во Кочани: Родителите ги исвиркаа институциите – никој не може да не сопре да додјдеме до вистината

July 19, 2025
Фото: МИА

Ер трактори ќе го гаснат пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

July 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонското здравство недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРОВСКА ПРОПАГАНДНА КУЈНА: Туѓото е послатко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk