ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Пендаровски не го потпиша Указот за Законот за легализација на дивоградби, Заев најави нова инвестиција, рано е за неносење маски на отворено, вели Филипче

May 14, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.

Заев од Атина: Американската компанија „TEXAN & Envipco“ која работи во Грција ќе инвестира и во Северна Македонија.

Министерот за здравство вели дека сè уште е рано да се тргне препораката за носење маски на отворено и најави дека за тоа ќе се разговара на почетокот на следната недела на состанок на Комисијата за заразни болести.

Околу 40 илјади дози од вакцината „Астра зенека“ обезбедени преку Ковакс механизмот се очекува да пристигнат денеска во земјава, а веќе утре 100 илјади вакцини од кинески „Синофарм“ кои се донација од кинеската Армија.

Дванаесет граѓански организации го потпишаа денешното соопштение за јавноста под наслов „Време е за организиран одговор против црната пропаганда, дезинформациите и говорот на омразата“.

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска во Охрид ги посети училиштата „Ванчо Питошески“ и „Наум Охридски“, во рамки на втората фаза од кампањата „Учи паметно, работи стручно“, за промоција средното стручно образование и запознавање на идните средношколци со перспективите и можностите што ги нуди тој тип образование.

Регистрирани се 30 нови случаи од Ковид-19, оздравени се 359, починале 16 лица. Направени се 1.658 тестови.

Од 13 часот денеска е дозволен влез во Република Грција и на граѓаните од Република Северна Македонија преку граничниот премин „Евзони“, соопшти МВР. За влез во Грција е потребен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, 14 дена поминати од ревакцина, признаени ќе бидат сите сертификати за извршена вакцинација, а за деца до пет години не е потребен ПЦР тест. Тие што ќе патуваат ќе мора да пополнат и електронска пријава еден ден пред да патуваат.

АХА од РИБАРО: Латас, Стевче и Нефи со претставка до Пендаровски после непотпишувањето на Законот за легализација на дивоградбите.

Вакцините против Ковид-19 врз база на мРНК технологија како што се на Фајзер/Бионтек и Модерна се чини дека се ефикасни против индискиот вид коронавирус, соопшти Европската агенција за лекови.

Во ФРОНТ Сефер Селими: 30 години независност, 20 години Охридски рамковен договор – каде е Македонија!?

МОН ги разбира дилемите што ги имаат родителите. Затоа со одговорите на најчесто поставуваните прашања и дилеми, ги појаснуваме клучните сегменти на промените коишто од есен ќе стартуваат во прво и четврто одделение,

Заев и Ципрас, како што соопшти владината прес-служба, изразија задоволство што Договорот од Преспа е силно признаен, препознаен и поддржан од сите чинители во регионот, Европа и пошироко и што на него се гледа како пример за решавање спорови меѓу други држави.

J. Ѓ.

 

 

Next Post

Секој член на Конгресот од Демократската партија во САД примил вакцина против Ковид-19

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk