ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи на средба со амбасадорот на Франција Бомгартнер, заменикот амбасадор на Германија Граф, претставници на Француската развојна агенција и Германското друштво за меѓународна соработка

May 20, 2021 12:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Н.Е. Сирил Бомгартнер, заменикот амбасадор на Сојузна Република Германија, Ото Граф, делегација на Француската агенција за развој (AFD) и директорот на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), Давид Оберхубер,  на која се разговараше за унапредување на соработката помеѓу Владата на Република Северна Македонија и развојните агенции на двете земји во насока на реализација на проекти за енергетска ефикасност .

Вицепремиерот Битиќи, зборувајќи на состанокот, посочи дека Владата на Република Северна Македонија е посветена на реализација на приоритетните цели за одржлив развој и Агендата 2030 на Обединетите нации, со кои ќе се овозможат подобри услови за живот на граѓаните, а во исто време ќе се спроведуваат реформите за членство на земјата во ЕУ.

Битиќи истакна дека како земја членка основач на Европската Енергетска заедница, Република Северна Македонија во изминатитот период направи голем исчекор во носење на многу значајни документи, стратегии и политики, во кои се транспонирани директивите од енергетскиот сектор. Сите овие активности, поврзани со реформите во енергетиката и енергетската ефикасност, условија носење на нов Закон за енергетика и Закон за енергетска ефикасност, како и Стратегија за енергетика до 2040, а во процес на усвојување е и Националниот план за енергетика и клима, кои ја даваат основата за поголемо производство на електрична енергија од обновливи извори, но и политики за заштеда на енергија преку воведување на технологии и техники за енергетска ефикасност. Дополнително, потенцираше дека Северна Македонија е една од првите земји во регионот која се заложи за повисоки амбиции во поглед на редукција на емиисиите на стакленички гасови, кое е поврзано со битката со климатските промени. Битиќи потенцираше дека се започнати мноштво на проекти, особено во енергетиката, како воспоставување на Национален фонд за енергетска ефикасност, Проектот за праведна транзиција преку кој ќе се овозможи грижа за социјалните категории на граѓани.

Токму енергетската ефикасност е препознаена како поле во кое би можело да се интензивира соработката помеѓу Северна Македонија со Франција и со Германија, кои преку нивните развојни агенции би овозможиле техничка и стручна помош за правење на соодветни анализи, студии, проектни документации, а потоа во заедничка соработка и со Зелениот климатски фонд и други меѓународни финансиски организации да се реализираат значајни проекти за граѓаните.

Ова е втора посета на делегација на Француската развојна агенција во само еден месец, со која се покажува силната посветеност за унапредување на соработката помеѓу двете земји и поголема присутност на ФАР во Земјите од Западен Балкан. За време на еднонделната посета, пред повеќе државни институции и пред приватниот сектор беше презентирана Програмата PEEB COOL насочена кон енергетската ефикасност на јавни и приватни згради. Соработката помеѓу Северна Македонија, Франција и Германија, со поддршка од Зелениот климатски фонд, во наредните години се очекува значително да придонесе за остварувањето на целите кои се дефинирани во планските и стратешки документи на државата, како и Националниот план за енергетска ефикасност. Имплементацијата на мерките дефинирани во овие документи, ќе придонесе за  подигнување на општествената свест од придобивките за воведвање на нови техники и технологиии за енергетка ефикасност, кои ќе обезбедат подобри услови за живот на граѓаните и подобар животен стандард.

Next Post

Итен надзор по вчерашната експлозија во поранешна Топилница во Велес

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk