пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Само два портали известија за лицемерието на руската политика, дека во Скопје на Македонците им го честита денот на сесловенските просветители со 4 години стара изјава на Путин дека Св. Кирил и Методиј дошле од „македонската земја“, а во Софија на Бугарите им честита велејќи им дека е „надвор од секое сомнение улогата на Бугарија во формирање и распространување на словенската писменост“.
Десетици други портали ја пренесоа 4 години старата изјава на Путин, а ја премолчеа честитката на руската амбасада во Бугарија.
Да не зборуваме за тоа дека пораката на Путин беше масовно ширена на социјалните мрежи од добропознатите структури и ботови, а за лицемерието, тук и таму, по некој пост.
Толку за влијанието и моќта на руската пропаганда во Македонија.
#SledeTene
#NeUbiLicemerie
#KoRazumeShvatice
#AluminoiumOverMaximum