ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Хасани: За укинување на носењето маски на отворено и полицискиот час утре ќе одлучува Комисијата

May 27, 2021 14:43
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-минисерот за здравство Илир Хасани, денеска, на отворањето на реновираното одделение за хронично болни во Психијатриската болница во Бардовци, изрази надеж дека од следната недела ќе има олеснување на мерките.

-Комисија за заразни болести утре ќе дискутира  за олеснување на мерките. Земјаќи ги предвид бројките, кои укажуваат на многу брзо стивнување на епидемијата, јас сум оптимист дека следната недела ќе има ублажување на мерките. Не би сакал да шпекулирам, кои мерки конкретно. Меѓутоа сите мерки, кои се преземени, ќе подлегнат на уште една дополнителна ревизија. Ние како Министерство за здравство и како Влада, едвај чекаме да ги повелчеме мерките, но без да го ризикуваме здравјето на нашите граѓани, изјави Хасани.

Тој потврди дека прва тема за дискусија на Комисијата за заразни болести ќе биде носењето маски на отворено. Хасани, како и други граѓани, носењето маска на отворено го чувствува како товар.

-Јас лично носам маската и на отворено. Но,  ја чувствувам како голем товар, како и сите граѓани,  особено на шеталиштата, по парковите. Кога сме сами во парковите или со децата, маската е навистина тежина, вели Хасани.

Тој е и за целосно укинување на полицискиот час, но вели, за тоа треба да одлучи Комисијата за заразни болести.

-Комисијата за заразни болести ќе донесе одлука врз основа на целокупната епидемиолошка ситуација, на параметрите, врз основа на предвидувањата и информациите коишто ние ги имаме во однос на другите сојеви коишто се потенцијален ризик за нашата држава, како на пример индискиот сој и други. Ние треба да бидеме многу внимателни за да го зачуваме здравјето, нагласи Хасани. 

Во однос на и натаму големиот број  смрни случаи, за разлика од големото намалување на новозаразени со коронавирусот, заменик-министерот за здравство смета дека тоа се должи поради тоа што во болниците останале најтешките случаи со пролонгирана болест.

-Генерално мислам дека тоа е очекувано, бројот на смртните случаи да се намали две-три недели можеби и четири по намалувањето на бројот на новозаболени пациенти, вели Хасани.

Тој денеска присуствуваше на отворањето на реновираното одделение за хронично болни во Психијатриската болница во Бардовци и рече дека, по долго време во една тешка пандемија, реконструирање на установа е многу добра вест.

Хасани му честита на директорот Ќамиљ Ковачи и на сите вработени во установата, што успеале во време на пандемија, од сопствени средства да реновираат одделение во болницата.

Директорот Ковачи појасни дека во употреба се пушта одделение, во кое се третираат околу 40 хронично болни 40 пациенти.

– Вредноста на инвестицијата е 15 милиони денари, средства обезбедени од сопствениот буџет, информира Ковачи, кој рече дека целта им е да ги подобрат условите за пациентите и персоналот кој е ангажиран во оваа установа.

извор: МИА

Next Post

Денеска се регистрирани 53 нови случаи на Ковид 19

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk