ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Рот од Тирана: Албанија и Северна Македонија постигнаа многу, очекуваме ЕК да донесе позитивна одлука

May 27, 2021 20:31
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, кој попладнево допатува во Тирана, по средбата со премиерот Еди Рама рече дека Албанија има многу постигнувања, како и Северна Македонија, во исполнувањето на условите поставени од Европската унија.

-Знам дека многумина од вас се разочарани од ЕУ, од она што се случи во минатото. Но, можеме да кажеме дека Албанија, исто како и Северна Македонија, постигнаа многу. Очекуваме Европската комисија да донесе позитивна одлука, рече Рот на заедничката прес конфренција со Рама.

Сепак, додаде тој, „има уште многу да се направи: правна држава, функционален правосуден систем… “.

Министерот Рот го пофали справувањето со пандемијата со Ковид-19 во Албанија и истакна дека „мора да се поддржуваме едни со други“.

– Мерките за изолација не ни помагаат, сите треба да се поддржуваме едни со други. Заедничката стратегија е поддршката да биде реципрочна. Ветувам поголема ангажираност од сите држави. Ако Албанија е успешна, тогаш тоа е и наш успех, важно е да се отстранат предрасудите, додаде Рот.

Тој не заборави да му честита на Еди Рама за победата на парламентарните избори на 25 април.

-Изразувам честитки до премиерот, кој со својата партија постигна многу добар резултат. Потребни ни се храбри политичари кои се подготвени да градат мостови, рече тој.

Премиерот Рама на заедничката прес конференција оцени дека Албанија многу долго чека пред вратата на ЕУ, но оти „сега тој е смирен, бидејќи Албанија ги заврши своите обврски“.

-Чест ми е да примам пријател на Албанците, адвокат на европскиот пат. Оваа посета се случува во пресрет на едно време кога ЕК ќе донесе одлука за Албанија и Северна Македонија. Албанија долго чека пред вратите на ЕУ, но сега ги исполни сите свои задачи одлука за отворање преговори и одржувањето на конференцијата е едноставно. Само прашање е на Европскиот совет, во време кога се чувствува позитивен тренд, да донесе одлука. Но, да не се соочиме со уште едно изненадување од балканскиот свет поврзано со ќор-сокакот помеѓу Северна Македонија и Бугарија. Се разбира, можам само да ја повторам истата работа, да кажам со убедување и факти, според нас, дека ние мора веднаш да го отвориме процесот и ЕУ мора да ја спроведе одлуката што ја донесе со одобрување на рамката и свикување на конференцијата. Сега не знаеме дали тоа ќе се случи, зашто тоа зависи од тоа колку ќе се реши ќор-сокакот со Северна Македонија и Бугарија, рече меѓу другото Рама.

Тој упати критики на адреса на ЕУ, во врска со движењето на луѓето поради видот на вакцина што ја примиле, како и за се уште недонесената одлука за визна лберализација за граѓаните на Косово. За ова прашање, Рама рече дека Европската унија го држи во заложништво Косово и направи паралела со шаховска игра, велејќи дека една од фигурите го блокирала движењето на еден војник

извор: МИА

 

Next Post

Ѓоковиќ против Американецот Сандгрен на стартот на „Ролан Гарос“

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk